Во последно време многу се зборува за негативната страна на социјалните мрежи, од прекумерната употреба која води кон зависност, па до недостигот од приватност и собирањето информации за клиентите без нивна согласност. Еве шест начини на кои можете да се заштитите.
1. Одбирајте на што ќе коментирате
Истражувањата покажуваат дека е многу стресно постојано да се биде активен на социјалните мрежи. Одбирајте на кои постови на вашите пријатели ќе коментирате бидејќи не мора да одговарате баш на секоја објава.
2. Престанете да се грижите дека нешто пропуштате
Не можете да контролирате што и во кој момент ќе се појави на екранот, туку за тоа одлучуваат социјалните мрежи, што значи дека не можете да контролирате ниту што да не гледате. Следствено, постојаната и честа проверка на социјалните мрежи нема да го промени тоа, па затоа стравот дека ќе пропуштите нешто е сосема бесмислен.
3. Не дозволувајте да ви пречат социјалните мрежи
Не дозволувајте проверката на пораките на социјалните мрежи целосно да ви го окупира вниманието и да се меша во секојдневните задачи, на пример, додека сте на работа, додека си играте со вашите деца или, уште полошо, додека возите. Последиците од ваквите однесувања се добро познати, па бидете внимателни кога го минувате времето на социјалните мрежи.
Фото: Pixabay
4. Не дозволувајте да ве мачат објавите
Немојте буквално да сфаќате сè што е објавено на социјалните мрежи или слепо да верувате во тоа. Истражувањата покажуваат дека луѓето доживуваат многу негативни емоции кога ќе видат дека нивните пријатели, на пример, објавуваат фотографии од нивното последно патување, куќата што ја купиле или кога се фалат со своите деца. Сепак, важно е и да се разбере дека откритијата можат да бидат погрешни бидејќи тие претставуваат само дел од нечиј живот, и тоа оној најдобриот, а никому не му е сѐ совршено.
5. Поставете граници
Определете колку време трошите на вашиот компјутер, таблет или телефон, дури и ако правите некои други работи на тие уреди, освен што сте активни на социјалните мрежи. Дисциплинирајте се така што секогаш кога ќе го достигнете поставеното ограничување, ќе станете, ќе прошетате, ќе се истегнете, ќе разговарате со некого, ќе се напиете вода, што и да е. На тој начин не само што ќе направите кратка пауза туку и ќе го спречите обидот да проверите што се случува на социјалните мрежи и на тој начин да ви се одвлече вниманието од работата која можеби истовремено ја вршите на вашиот компјутер.
6. Не заборавајте на реалноста
Активно барајте начини да се дружите со пријателите надвор од социјалните мрежи и интернетот, да се најдете во кафе или да им се јавите. Социјалните мрежи се корисни за споделување фотографии и објавување вести, но ако сакате да споделите некој важен настан со луѓето во вашиот живот кои навистина ви значат нешто, тешко дека тоа може да ја замени физичката средба и разговорот со
нив.