Според Националната туристичка организација на Јапонија, повеќе од 200.000 планинари се искачуваат на планината Фиџи секоја година, најмногу во перидот јули-септември - официјалната сезона на искачување.
Сепак, тоа не значи дека луѓето не се осмелуваат да се искачат на планината Фуџи и во ова време од годината бидејќи еден човек се искачил на опасните падини, не еднаш, туку двапати, во една недела.
27-годишниот студент првпат бил спасен од падините на 22 април откако му се слошило, изјавиле од полицијата.
Човекот, кој потекнувал од Кина, одел по патеката Фуџиномија, која е на 3.000 метри надморска височина, во период надвор од сезоната на искачување, пред да биде спасен со хеликоптер. Тој ги изгубил и своите дерези - шилест уред на дното од планинарските чевли - па не можел да се спушти од патеката.
Сепак, по првиот обид, тој одлучил да се врати на местото од одредена причина. Според извештаите, студентот се вратил да ги собере своите работи, вклучувајќи го и мобилниот телефон, кој го оставил при првичната мисија за спасување.
Иако неговиот живот не бил во опасност, додала полицијата, повторно му се слошило на 26 април, пред да биде спасен по втор пат.
Студентот бил пронајден од друг алпинист на надморска височина од над 3.000 метри.
- Се сомневаше дека има висинска болест и беше однесен во болница - изјавил портпаролот на полицијата.
Сите патеки до врвот на познатата планина се затворени надвор од сезоната, според веб-страницата на планината Фуџи и Министерството за животна средина, додека повеќето од знаците за патеките не се никаде видливи.

Полицијата во Шизуока апелирала луѓето да не пешачат надвор од сезона бидејќи времето може да се промени и да им го отежни процесот на службите за помош.
Извор: unilad.com
Фото: Freepik