X
 01.06.2018 Живот

Тероризмот ги оптовари австриските судови, фалат работници

Бројот на обвиненија за терористички активности во Австрија драстично се зголемил и ги оптоварил судовите.

Бројот на истраги за тероризам во 2013 година беше само 68, а минатата година достигна дури 423.

Тамошните синдикати предупредуваат дека поради примената на правилникот за борба против тероризмот, зголемен е обемот на работа и поради тоа се потребни уште судии и обвинители.

Австрискиот министер за правосудство Јозеф Мозер ги предаде нацрт-измените на Кривичниот законик проширувајќи ги надлежностите на домашните судови. Меѓу другото, кривично ќе се гони и патување со терористички цели, а само врз основа на тоа кривично дело, според процените, годишно ќе има дополнителни 50 судски процеси.

Министерството за правосудство, и покрај предупредувањата од синдикатите, предвидува само благо зголемување на оптоварување на вработените во правосудството поради зголемениот број случаи поврзани со тероризам.

Синдикатите посочуваат дека судењата за делата поврзани со тероризам се исцрпни и дека тоа носи многу дополнителна работа, како што се истраги во странство, преводи итн.

Фото: Novosti

Минатата година, според статистиките на Министерството за правосудство, бројот на случаи поврзани со кривичното дело тероризам бил 423. Во 68 случаи е покренато обвинение поради терористичко здружување, финансирање тероризам, обука или повикување на учество во терористички групи. Според тие податоци, осудени се 39 лица.

Колку за споредба, во 2013 година се спроведени истраги во 68 случаи, покренати се шест обвиненија и изречени се две пресуди.

Само една година подоцна обвинителството морало да спроведе истрага во 328 случаи, покренало 58 обвиненија и изрекло 32 пресуди.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот