X
 01.06.2022 Живот

Колку се платени најбараните професии во Германија?

Доколку планирате да се преселите во Германија или веќе сте таму, а не сте успеале детално да го истражите пазарот на трудот и сите можности, еве еден „пресек“ на ситуацијата кога станува збор за популарните професии и колку се заработува.

Овој пат фокусот е ставен на 50. најбарани професии, како и на средните бруто-плати што можете да ги очекувате доколку се одлучите за овие позиции.

Просечната плата на сите вработени, кои подлежат на придонеси за социјално осигурување, во 2020 година изнесува 3.427 евра. Споредено со 2019 година, годината пред пандемијата, платите скокнале за 26 евра. Иако е забележан раст, тој е најнизок од 2009 година, кога поради светската економска криза платите пораснаа за само 20 евра.

Различни гранки беа различно погодени, а платите во Германија паднаа во областите производство (-44 евра) и угостителство (-79 евра); раст е забележлив во здравството, социјалните услуги, образованието, осигурителните услуги - за цели 111 евра.

Најмногу се бараат негувателки, а платата изнесува 3.174 евра, додека фармацевтите достигнуваат заработка од 4.546 евра и се втора најбарана професија. На трето место се лекарите, чија просечна месечна бруто-плата изнесува 6.337 евра, а биолозите се најдоа на 4. место и заработуваат 5.240 евра.

Градежен инженер може да очекува плата од 4.999 евра, а професионален возач 2.567 евра. За потсетување, оваа професија е крајно дефицитарна насекаде во светот. Еднакво се барани и пекарите, чија плата изнесува 2.319 евра. Дополнително се бараат багеристи со плата од 3.437 евра, агенти во кол-центар чија заработка е 2.161 евро. Електричарите се на 10. место, а нивната плата изнесува 3.176 евра.

profesija
Фото: Freepik

На листата се и:

Рецепционер, 1.716 евра
Менаџер за управување со настани, 3.474 евра
Специјалист за комуникации, 3.900 евра
Инструктор по возење, 2.930 евра
Фризер, 1.666 евра
Возач на виљушкар, 2.679 евра
Инсталатер за гас и вода, 3.122 евра
Чистач во згради, 2.105 евра
Графички дизајнер, 3.180 евра
Хотелиер, 2.117 евра
Информатичар, 5.731 евра
Електроинженер 6.300 евра
Готвач, 2.205 евра
Медицинска сестра, 3.645 евра
Магационер, 2.279 евра
Наставник во основно училиште, 4.444 евра
Професор во средно училиште, 5.577 евра
Логопед, 2.714 евра
Заварувач, 2.819 евра
Службеник за човечки ресурси, 3.927 евра
Физиотерапевт, 2.588 евра
Програмер, 4.634 евра
Помошник-адвокат, 2.640 евра
Механичар, 3.755 евра
Забен техничар, 2.590 евра
Столар, 3.189 евра
Шпедитер 3.275 евра
Обезбедување, 1.800 евра
Менаџер за односи со јавност, 4.520 евра
Психолог, 4.626 евра
Машински инженер, 6.173 евра
Маркетинг специјалист/асистент, 3.678 €
Логистичар, 3.525 евра
Касиер, 2.212 евра
Келнер, 1.823 евра
Сметководител, 3.695 евра
Канцелариски службеник, 3.338 евра
Оптичар, 2.407 евра
Продавач во пекарница 1.840 евра

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот