Вашето утринско кафе може да ѝ помогне на нашата планета. Барем тоа го ветува еден австралиски универзитет кој талогот од кафе го претвора во материјал што може да се додаде на бетонот за да биде поцврст и поодржлив, потенцијално намалувајќи ги емисиите на стакленички гасови.
Производството на бетон, кое вклучува мешање на песок и чакал со цемент и вода, е главен производител на стакленички гасови, одговорен за околу 7 отсто од глобалните емисии.
Истражувачите од Универзитетот РМИТ во Мелбурн го загреале отпадот од кафе без кислород, во процес познат како приолиза, за да создадат супстанција наречена биокар која може да замени до 15 отсто од песокот што се користи во бетонот.
Околу 50 милијарди метрички тони се ископуваат секоја година, главно за употреба во бетон, според извештајот на ОН од 2022 година.
Производството на цемент, кое вклучува загревање на мешавина од варовник и глина на околу 1.500 Целзиусови степени, е одговорно за најголемиот дел од емисиите.
Универзитетот преговара со неколку градежни компании и производители на бетон, како и со производители на кафе за да го преземат отпадот од кафе за да можат да основаат компанија.
Една австралиска инфраструктурна компанија соопшти дека планира да тестира бетон и се надева дека ќе се користи за големи патни проекти.
На глобално ниво се произведуваат милиони тони искористен талог од кафе, а најголемиот дел од овој отпад се испраќа на депонии каде што ослободува метан додека се распаѓа.
Извор:
Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik