X
 07.09.2016 Здравје

Што ќе случи со телото ако не пиете кафе една недела?

Ако се одлучите да ја победите зависноста од кафе со сигурност телото ќе ви заблагодари. Ако ви изгледа како невозможна задача да не консумирате кафе 7 дена, најверојатно сте зависни од него.

кафе


Кои промени настануваат во телото кога пиете кафе и кога ќе престанете?

Кофеинот како состојка најчесто се внесува преку кафето. Кафето не се смета за штетно и може да се консумира во поголеми количини. Сепак, навлекувањето на кофеин се смета за проблем на личноста како неконтролирано користење на одредена супстанца, според Статистичкиот прирачникот на Американската психолошка асоцијација. Користењето на стимуланс како кофеинот до степен во кој личноста има физички или психолошки последици се изедначува со нарушување при користење на одредена супстанца, во случајов – стимулансот кофеин.

Симптоми на нарушување може да бидат: копнеж за консумирање, вложување безуспешни напори да се контролира внесувањето на кофеин, континуирано консумирање на супстанцата и покрај здравствените проблеми, создадена биолошка толеранција на состојката при што е потребна поголема количина за да се постигнат ефекти, при евентуално прекинување на консумацијата се доживува анксиозност, раздразливост, замор и тремор на рацете.

Што ќе се случи со телото ако престанете да пиете кафе 7 дена?

- Главоболките ќе престанат
- Ќе ви се намали тензијата во мускулите на рамената и грбот
- Ќе ви се подобри концентрацијата
- Ќе ви се подобри сонот и наутро ќе се будите свежи
- Ќе ви се регулираат движената на дебелото црево
- Ќе ви се регулираат циклусите на спиење
- Ќе ви се зголеми свеста за гладот и помалку ќе копнеете по нездрава храна
- Ќе имате повеќе трпение да се справите со стресот

Кафето влијае на сонот, расположението, крвотокот на мозокот, метаболизмот, гените и неутрансмитерите во мозокот одговорни за меморијата и когнитивните способности. За целосно да се исфрли од телото, на кофеинот му се потребни околу 6 часа.

Многу луѓе веруваат дека ќе размислуваат подобро и ќе бидат поконцентрирани ако пијат  кафе, но, има граница колку кафе може да помогне за овие функции. Истражувањата покажале дека кофеинот ја има оваа функција кога треба да се фокусираме на помалку извори на информации и тоа при притисок од временски рокови. Кога треба да се користат повеќе извори на информации или работна меморија, нема никаков бенефит од шолја кафе.

Еден од метаболитите на кофеинот е пароксетин. Пароксетинот ги блокира рецепторите на жлездите во телото кои потоа го зголемуваат нивото на адреналин во крвта и дијастолниот (малиот) крвен притисок. Всушност, кога пиете кафе, телото реагира како да има некаква закана и почнува да реагира за да се одбрани.

Ако не сакате да ризикувате да го почнете работниот ден без шолја кафе, обидете се да ја намалите количината. Потоа обидете се да ја намалите количината на сурово кафе со која го подготвувате или една шолја заменете ја со бескофеински зелен чај.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје