На многу луѓе пиењето утринско кафе им е секојдневна рутина.
Во моментот кога ќе почнете да размислувате за вашата прва утринска шолја кафе, ендокриниот систем создава и ослободува допамин, познат како хормон на задоволство. Почнувате да се чувствувате добро дури и само кога знаете дека наскоро ќе испиете чаша од вашиот омилен пијалак.
Според научниците, правењето кафе или одењето во омиленото кафуле се дејства кои ослободуваат уште повеќе допамин во телото. Покрај тоа, аромата на кафето е многу важна. Да се разбудите и да помирисате кафе е како да го пиете самиот овој пијалак.
Телото брзо го апсорбира кофеинот и потребни се само неколку минути за да стигне до мозокот. Во мозокот кофеинот се врзува за дел од невроните кои го привлекуваат хормонот кој нè прави поспани и затоа побрзо се расонуваме со кафето. Меѓутоа, само утринското кафе го има овој ефект бидејќи истражувањата покажаа дека секоја наредна шолја нема да го има истиот ефект како првата наутро.
Извор:
B92
Насловна фотографија: Pixabay