Во срцето на Шри Ланка се наоѓа градот Сигирија, на надморска височина од 360 метри, а како што посочува и неговото име (преведено како „мала карпа“), изграден е на таканаречената Лавовска карпа која е висока 180 метри. Поради своето софистицирано урбанистичко планирање, градот е предмет на восхит за денешните научници.
Градот бил политички центар на Шри Ланка 1,5 век, а денес совршено зачуваните урнатини се популарна туристичка дестинација.
Палата на небото
Изграден е во 5 век, за време на владеењето на кралот Касјапа, како тврдина што содржи кралска палата, водни градини, ботанички градини и будистички храм. Како точно таква структура била изграден на врвот на карпа, во време без технологија, останува мистерија, а локалните легенди велат дека ја изградиле боговите како палата на небото.
Подоцна, местото било населено од будистички свештеници сè додека и тие не заминале, а градот останал заборавен во историјата помеѓу 1155 и 1831 година и ја доживеал судбината да биде проголтан од џунглата.
Повторно го откриле европските истражувачи на почетокот на 19 век, а историчарите и археолозите неуморно работеле на зачувување на локацијата. Во 1982 година било наведено како место на светското наследство на УНЕСКО, а во 2009 година бил отворен Музејот Сигирија, опфаќајќи три децении археолошки истражувања.
Градот се наоѓа на три часа оддалеченост од главниот град на Шри Ланка, Коломбо, и е отворен за туристи секој ден. Откако ќе се искачат 1.250 скалила што завршуваат со премин меѓу камени лавовски шепи, посетителите можат да поминат часови истражувајќи го овој фантастичен споменик на архитектурата.
Извор: punkufer.dnevnik.hr
Фото: Instagram