X
 01.07.2018 Живот

Месечен хороскоп за јули 2018 година

Овен

Работа
- Во текот на јули, на полето кариера нема значајни промени. Ако сте посакувале унапредување или зголемување на платата, ќе мора да почекате да помине овој месец. Полето на пари нема да биде многу добро. Можете да заработите единствено низ продажба на имотот или со поддршка на семејството. Тука ќе биде и неочекуваната финансиска помош од стар пријател.

Љубов - Оние кои се во долга врска или брак ќе уживаат во хармоничен емотивен однос. Вашето вообичаено доминантно однесување ќе го заменат пријателскиот став и шарм, што ќе го воодушеви партнерот и ќе го поттикне да помине повеќе време со вас. За слободните пак, претстои интересен период со многу познанства.

Здравје - Редовно вежбајте, така ќе спречите здравствени проблеми.

Бик

Работа - Пред вас е месец полн со предизвици на работа. Ќе ве закочи ретроградното движење на Уран, но ќе успеете да ги совладате сите препреки. Во втората недела на јули, можни се поголеми недоразбирања и несогласувања со колегите, но работите ќе бидат решени со малку толеранција и разбирање од двете страни.

Љубов -
Целосна хармонија. Можни се мали несогласувања, најмногу поради мешање на семејството во вашиот брак или врска. Слободните Бикови нема да имаат многу среќа во пронаоѓањето на содна душа во текот на овој месец.

Здравје - Ќе бидете полни со енергија и сосема здрави.

Близнаци

Работа - Овој период најдобро е да го користите за добро да размислите за иднината во работата и евентуално да направите планови, кои следните месеци ќе можете да ги спроведете на дело, бидејќи јули никако не е поволен за било какви промени. Трудете се и да ги охрабрите колегите и поддржите нивните амбиции.

Љубов -
Ако сте слободни, без проблем ќе склопите нови познанства и ќе влезете во необврзувачки врски. Сепак, ќе треба да почекате за квалитетна долгорочна врска. Близнаците кои се во долга врска или брак, ќе бидат доминантни во однос на партнерот, што би можело да предизвика конликти. Генерално, овој месец треба да избегнувате големи одлуки што се однесуваат на љубовта, како што е склопување брак или развод.

Здравје - Без никакви проблеми.

Рак

Работа - Ве следи голем подем во кариерата. Вашето знаење и вештини ќе бидат забележани, ценети и соодветно наградени. Продолжете да работите на себеси преку едукација и тренинг и ќе доживеете поголем успех на работното место. Вашата финансиска ситуација значително ќе се поправи, а до крајот на месецот ќе имате големо, но паметно вложување што ќе ви се исплати на долгорочен план.

Љубов - Взаемната доверба и разбирање помеѓу вас и партнерот ќе резултира со трајна хармонија во домот. Ќе се потрудите и на другите членови од семејството да им помогнете и сите да бидат задоволни. Слободните Ракови ги очекува судбинска средба со која би се изненадиле и би можеле да стапат во брак.

Здравје - Витални сте, енергични и имате волја да вежбате.

Лав

Работа - На ова поле ве очекуваат доста предизвици. Во вашето работно опкружување ќе има доста промени со кои ќе се справите, додека Лавовите на високите позиции ќе имаат проблеми со вработените. Ѕвездите ви предвидуваат поголем финансиски просперитет. Парите ќе дојдат од неочекувани извори.

Љубов - Зафатените Лавови конечно ќе ги решат недоразбирањата и проблемите со партнерот. Дојде ред за хармонијата и уживањето, а можно е и кратко заедничко патување. Слободните Лавови ќе го привлекува спротивниот пол како магнет, па нема да им биде тешко да започнат нова љубовна врска.

Здравје -
Држете се до планираното вежбање и исхрана.

Девица

Работа - Ќе бидете во состојба да ги пребродите сите предизвици на работа и да реализирате некои одамна зацртани ццели. Од 11 јули внимавајте како се однесувате кон колегите - вашето однесување и гледање од висина може да предизвика многу конфликти, шпекулации и проблеми.

Љубов - Многу стрес ќе имате на полето на љубовта. Недовршени разговори и непотребни расправии можат да доведат до раскинување на долгогодишната врска или развод. Ви претстои тежок месец и вам, и на слободните Девици - не е време за почеток на нови врски.

Здравје
- Што се однесува до здравјето, можете да бидете мирни.

Вага


Работа - Интересите за кариерата ви се на прво место овој месец. Имате целосна поддршка од семејството. Финансиите ќе бидат фантастични овој месец. Професионалните амбиции ќе бидат главен фокус овој месец.

Љубов - Слободните Ваги можат да се радуваат на новата врска. Вагите во брак ќе уживаат во романса на почетокот на месецот. Ќе станете доминантни во врската и партнерот ќе биде подготвен да се откаже од својот интерес за да останете среќни.

Здравје - Овој месец ќе ви биде послабо, бидејќи планетите не ви се многу наклонети.

Шкорпија

Работа - Напредок ќе дојде после 23 јули. Очекувајте подобрување на работната позиција што ќе биде проследена со парична награда. Може да има одложување поради процедурата, но бидете сигурни во крајниот резултат. Неопходно е да ги подобрите вашите капацитети со стекнување на нови знаења и вештини.

Љубов
- Слободните Шкорпии може да најдат нова љубов. Доколку сте веќе во врска, можете да очекувате брак или бременост. Слободните Шкорпии ќе се премислуваат околу изборот на партнер, прво ќе бараат забава, а потоа нешто повеќе.

Здравје - Потребен ви е одмор и опуштање.

Стрелец

Работа - Имате напредок во полето на кариерата. Продолжете да се трудите и вашите резултати сигурно нема да поминат ненаградени. Протокот на пари ќе биде запрен овој месец поради неповолни планетарни аспекти.

Љубов - Слободните Стрелци ќе влезат во нова врска. Нагласокот ќе биде на забава, додека сериозната романса не е во план. Зафатените Стрелци ќе доживеат стрес после 11 јули, после што ќе следува хармонија.

Здравје -
Послабо овој месец.

Јарец

Работа
- Вниманието ви е насочено на семејството, поради што ќе имате голема волја да им помагате на другите членови. Напредокот во кариерата ќе ви донесе подобрување во однос на семејството после 23 јули.

Љубов - Ве очекува динамичен љубовен живот. Слободните Јарци ќе имаат доста можности за влегување во нова врска. Ќе бидете доста чувствителни. Во зависност од интензивноста на вашиот однос, ќе успеете да излезете од кризата.

Здравје - Емоционалното здравје игра голема улога во вашата благосостојба.

Водолија


Работа
- Подгответе се за напредок. Поставете ги вашите цели и направете план за да го реализирате. Работното опкружување е предизвик што ќе ви одговара. Ќе добиете можност за унапредување доколку користите иновативна технологија. Можно е да се соочите со краток застој во финансиите.

Љубов - Слободните Вoдолии ќе го привлечат спротивниот пол со својата самодоверба во друштвото. Поголеми се шансите за нова љубов после 23 јули. Врската на зафатените Водолии ќе напредува, а постои и шанса за бременост. Овој месец ве очекуваат доста романтични моменти. Постои можност да пронајдете љубов на работното место со помош на колега.

Здравје - Чувајте ја енергијата.

Риби

Работа
- Работните амбиции и благосостојбата на семејството ќе ви бидат подеднакво важни овој месец. На работното место ќе биде бурно и тешко ќе ја извршувате работата. Ситуацијата ќе се подобри како што ќе поминува месецот. Заработката ќе зависи од вашите контакти.

Љубов -
Врската брзо ви  напредува, иако ќе има привремени расправии помеѓу вас и вашиот партнер работите ќе се решат како што треба. Слободните Риби ќе пронајдат партнер на некој социјален настан. Голема улога во пронаоѓањето партнер ќе имаат вашите членови на семејството.

Здравје - Одлично.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот