X
 29.12.2016 Живот

Годишен хороскоп за 2017 година

Што ѕвездите кажуваат за 2017 година? Откријте што ви предвидуваат планетите за 2017 година.

 

1


Овен

2017 година ќе биде доста успешна за Овновите бидејќи ќе ги реализираат целите кои ги зацртале. Кон почетокот на годината ќе ги видите плодовите од вашиот труд и работа па ќе имате мотивација да продолжите со истото темпо. Ќе морате да донесете важни одлуки кои ќе се однесуваат на вашата работа или приватниот живот. Ќе бидете на раскрсница и нема да ви преостане ништо друго туку да изберете насока по која ќе се движите, но пред тоа ќе морате да ги завршите сите обврски. Ќе започнете повеќе да се потпирате на себеси па може да се случи да започнете приватен бизнис или да заминете во странство.

Кариера


Што се однесува до кариерата, оваа година ќе биде неизвесна, но ќе заврши многу подобро отколку што сте очекувале. Кога се' ќе соберете и одземете, ќе заклучите дека сте имале среќа која ги прати храбрите. Ќе сфатите дека морате повеќе да ризикувате, а не да се затворите и да живеете на стара слава. Ќе се потрудите што почесто да излегувате од вашата удобна зона и ќе се навикнете на промени кои на почетокот нема да бидат пријатни, но на подолга стаза ќе бидат и повеќе од корисни.

Љубов

Оваа година ќе ја почувствувате потребата да ја официјализирате врската. И вие и партнерот/партнерката ќе бидете нервозни поради чекорите кои планирате да ги преземете па ќе се расправате за ситници. Ќе ви биде потребно време да се навикнете на заедничкиот живот после што се' ќе функционира идеално.

Доколку сте сами, на почетокот на годината ќе запознаете личност која ќе ви го привлече вниманието. Нема да сакате да брзате па прво ќе се дружите или ќе соработувате. Со текот на времето ќе станете се' поблиски, па добро ќе размислите што е најдобро за вас.

Ако сте во брак, ќе ви биде потребно време да одморите од се' и да соберете сила за она што ве очекува. Ќе ја имате поддршката од сопругот/сопругата, а него/неа ќе му/ѝ биде најважно вие да бидете добро.

Финансии

Во текот на 2017 година ќе ви се укажат бројни понуди на работа, па може да се случи да започнете да работите на повеќе места. Тоа ќе ви овозможи и себеси и на семејството да му овозможите работи кои долго сте ги сакале. Многу пријатели ќе дознаат дека финансиски добро стојат поради што ќе ви бараат заем. Нема да можете секому да му излезете во пресрет па затоа некој ќе се навреди и ќе го прекине контактот со вас. Кон крајот на годината ќе имате поголеми трошоци па ќе ви значи секој заштеден денар.

Здравје

Вашата здравствена состојба во наредниот период ќе биде подобра од било кога. Ќе започнете да се занимавате со физички активности. Ќе морате да започнете да внсувате се' повеќе течности и протеини за да реализирате подобри резултати.

Бик


2017 година ќе биде доста успешна за претставниците на овој знак. Ќе имате многу повеќе енергија и флексибилност па ќе започнете некои проекти кои претходно сте ги имале во план. Вашата креативност ќе дојде до израз и вашите таленти ќе ги покажете и на работа. Амбициозноста е карактеристика која ќе ве следи во наредниот период па ќе постигнете повеќе успех од претходно. Ќе запознаете нови пријатели и ќе ги проширите вашите хоризонти. Ќе бидете растрчани на многу страни па може да се случи да ги занемарите луѓето кои ви се важни. Ќе ви се чини како времето пребрзо да поминало и да не можете да постигнете ништо. Единствено што може да ви одмогне е нетрпеливоста која не умеете да ја контролирате па многу резултати ќе сакате веднаш да ги видите, не сфаќајќи дека е потребно да помине одредено време.

Кариера


Во текот на 2017 година ќе напредувате на работа па целосно ќе ѝ се посветите. Може да се случи да се запишете на курс или факултет кој отсекогаш ве интересирал. Доколку студирате, оваа година ќе ги положите сите испити во предвидениот рок. Надредените ќе го ценат вашиот труд и ќе ја уважувааат секоја ваша сугестија. Можно е да ви бидат дадени важни проекти кои ќе бараат понатамошно усовршување. Ќе се сретнете с нови работи кои ќе ги совладате сами или со нечија помош. Ќе бидете полни со елан и позитивна енергија која ќе биде пријатна за вашите соработници.

Љубов


Во 2017 година ќе решите многу двоумења кои се поврзани со вашиот љубовен статус. Нема да се залажувате и да очекувате нереални работи. Ќе бидете искрени кон себеси и кон другите, па нема да се разочарате.

Доколку сте слободни, може да се случи да запознаете личност која на почеток нема да ви се допадне. Со текот на времето ќе сфатите дека се работи за некој кој е вреден за вашето внимание и кој е, во секоја смисла, добра прилика.

Ако сте во брак, оваа година ќе ги решите несогласувањата кои биле причина за многу расправии. Повеќе време ќе му/ѝ посветите на сопругот/сопругата и повторно ќе се почувствувате како заљубени тинејџери.

Финансии


Што се однесува до финансиите, годината ќе биде полна со промени и колебања. Ќе имате непредвидени трошоци поради кои ќе морате да позајмите пари или да кренете кредит. Луѓето кои ви се должни ќе бидат во уште полоша ситуација па нема да можете да се потприте на нив. Дури на крајот на годината ќе воздивнете и ќе си овозможите себеси некоја скапа ситница или патување. Ќе ви биде мило што најлошото помина и што ќе можете да се вратите на старите навики.

Здравје


На почетокот на годината ќе имате помали здравствени проблеми кои ќе ве натераат да водите грижа за себеси. Ќе се обидете да ги избегнете стресните ситуации и луѓето во чие присуство сте се чувствувале лошо. Конечно ќе посетите доктор. Ќе внесувате повеќе овошје и зеленчук, но нема да можете да се откажете од цигарите и омилените специјалитети.

Близнаци


Во 2017 година ќе имате поголема самоконтрола од претходно. Ќе успеете да ги реализирате вашите планови, но ќе морате добро да се организирате за да не ги запоставите блиските луѓе. Средината на годината ќе биде идеално време за подобрување на квалитетот на вашиот живот. Во вашиот дом и на работното место ќе преовладува хармонија и ќе пронајдете заеднички јазик со луѓето со кои не се согласувавте добро. Помладите претставници на овој знак очекуваат успех во научната или уметничката работа, додека постарите ќе бидат носталгични и меланхолични. Ќе бидете иновативни па ќе реализирате напредок во вашите цели. Полека но сигурно ќе одите напред трудејќи се да го дадете максимумот и да бидете најдобри во она што го работите.

Кариера


Оваа година ќе имате подобра комуникација со колегите и некои од нив ќе ви станат добри пријатели. Доколку веќе не сте пронашле, на средината на годината ќе пронајдете работа во вашата струка и ќе продолжите да се усовршувате и да работите на себеси. Може да се случи да запишете мастер студии - одлука што вашите надредени многу ќе ја почитуваат. Ако студирате, ќе бидете обесхрабрени бидејќи ќе ви се чини дека не сте успеале да ги положите најважните испити. Сепак, ќе успеете да го решите проблемот и резултатот ќе биде подобар отколку што сте очекувале. Оние кои започнале приватен бизнис ќе можат да се потпрат на своите вработени и да им го препуштат водењето на компанијата додека се на пат.

Љубов


Годината ќе ја започнете со разговори со партнерот за вашата врска. Ќе имате можност еден на друг да си кажете што мислите што ќе резултира во зближување или раскинување. Ќе сфатите дека е најдобро да бидете искрени едни со други. Ако одлучите да останете заедно, за брзо време ќе ја планирате венчавката, а ако раскинете, кратко ќе уживате во слободата после што ќе запознаете личност која ќе ве освои.

Доколку сте во брак, ќе донесете одлука да не ги слушате туѓите совети и коментари, туку да верувате во вашиот/вашата сопруг/сопруга. На тој начин вашиот однос значително ќе се поправи.

Слободните претставници на овој знак во текот на летото ќе одат на патување во странство каде ќе запознаат личност со која ќе одржуваат врска на далечина.

Финансии


Во текот на годината ќе имате постојан прилив на финансиски средства кои ќе ви овозможат да бидете самостојни и да не зависите од никој. Во втората половина на годината ќе ги вратите парите кои сте ги позајмиле од пријателите и роднините. Ќе започнете да штедите за повеќе да не дојдете во ситуација да немате ни денар. Ќе пронајдете време да работите дополнителна работа.

Здравје

Иако вашата здравствена состојба ќе биде задоволувачка, повремено ќе чувствувате умор поради многубројните обврски. Нема да имате време да се грижите за исхраната па може да се случи да имате проблем со високиот притисок, холестеролот или вишокот килограми. Често ќе бидете ненаспиени па после работа едвај ќе чекате да легнете во кревет.

Рак


2017 година ќе ви донесе многу промени на емотивен и работен план. Навиките кои сте ги стекнале во последно време лошо ќе влијаат врз вашиот душевен мир па би било препорачливо да престанете со нив. Ќе имате вишок на енергија и инспирација па ќе започнете да се занимавате со нешто што отсекогаш ве интересирало. Ќе успеете да се прилагодите на секоја ситуација во која ќе се најдете. Ќе делите и слушате совети на луѓето од околината. Ќе бидете задоволни со себеси и вашиот живот и ќе се потрудите да го живеете со полни гради. Можно е кон крајот на годината да размислувате за преселба во поголем стан или поголема куќа или во друг град или држава.

Кариера

Кон почетокот на годината морате да бидете внимателни при договарање на бизнис зделки бидејќи може да се случи партнерот или надредениот да сака да ве измами. Не потпишувајте документи кои не сте ги прочитале и информациите земајте ги со резерва. Ќе сфатите дека единствено можете да се потприте на самите себеси па ќе станете скептични кон другите. Во вториот дел на годината ќе морате да донесете тешка одлука и да преминете во друга фирма или да основате сопствена. Ќе бидете подготвени на ризик од кој ќе имате голема корист. Кон крајот на годината веројатно ќе одите на патување од работа на кое ќе сретнете луѓе со кои ќе соработувате во иднина.

Љубов


Оваа година ќе го запознаете вистинското значење на љубовта. Ќе сфатите дека заслужувате многу и дека нема да го прифатите она што не ви одговара. Повеќе ќе сакате да бидете сами отколку во лошо друштво. Во средината на годината ќе запознаете личност која прво ќе ви биде пријател, а потоа партнер/ка.

Ако сте во долга врска, можно е со партнерот да разговарате за принова. Ќе сакате да се реализирате во улогата родител.

Доколку сте во брак, ќе посветите повеќе време и внимание на брачниот другар. Ќе ги разрешите несогласувањата кои сте ги имале во претходната година и почесто ќе излегувате, патувате и дружите со пријателите.

Финансии

На почетокот на годината ќе имате многу трошоци на кои нема да сметате. Поради нив ќе морате да се откажете од луксузот и се' што не ви е неопходно. После неколку месеци ќе се опоравите и ќе започнете да штедите за настани кои ве очекуваат. Ќе размислувате дали да земите кредит за автомобил или стан. Доколку сте сопственик на фирма, ќе побарате стручен совет во врска со вашиот бизнис и купување на нова опрема. До крајот на годината ќе направите план и вашето управување со финансии ќе добие нова форма.

Здравје

Би било добро оваа година повеќе да се посветите на вашето здравје. Треба да проверите крв и шеќер. Ќе започнете да работите вежби бидејќи ќе ве боли грбот од седење на компјутер. Ќе се случи да го пропуштите тренингот поради што ќе ве гризи совеста. Можно е кон крајот на годината да имате рутинска операција после која ќе се придржувате кон советите од докторите. Ако имате мали деца, ќе сакате да им дадете добар пример како да се хранат здраво.

Лав

2017 година од Лавовите ќе го извлече најдоброто. Тие ќе пребродат многу тешки моменти и ќе бидат посилни од било кога. Во вашето опкружување ќе се случуваат бројни промени па ќе морате да им се прилагодите. И понатаму ќе ве оптеретуваат некои работи од минатото, но ќе сфатите дека мора да се тргнете и да престанете да размислувате за нив. Ќе бидете соочени со неочекувани предизвици кои ќе бараат да им посветите многу внимание и време. Ќе направите листа на приоритети и ќе ги реализирате вашите желби и амбиции. Добро ќе се согласувате со членовите на семејството и ќе ги послушате нивните добронамерни совети. Ќе добиете одговор на прашањата кои ве мачеа во претходниот период и ќе се насочите кон иднината.

Кариера


Оваа година ќе работите напорно и ќе учите напорно, а резултатите ќе ги видите после неколку месеци. Ќе се обидете да реализирате подобра комуникација со колегите и надредените кои за вас ќе имаат само пофалби. Сите ќе забележат дека сте станале посериозни и поодговорни па ќе сакаат да соработуваат со вас. Бидејќи ќе имате повеќе обврски, ќе мора да ја промените рутината и нема да можете да излегувате и да се дружите ко порано. Тоа тешко ќе ви падне бидејќи ќе бидете свесни дека морате нешто да жртвувате за да го добиете она што го сакате.

Љубов


Во текот на 2017 година вашиот љубовен живот ќе биде прилично бурен. Ќе морате да донесете одлука дали сакате да се посветите на приватните или работните обврски. Ќе имате чувство дека партнерот/партнерката не може да ве следи како и тоа дека имате различни планови за иднината. Можно е од него/неа да барате уште малку време за да сфатите што е најдобро за вас.

Лавовите кои се во брак ќе имаат бројни искушенија. Не дозволувајте вашето семејство да се меша бидејќи ништо добро нема да излезе. Чувајте го она што го имате бидејќи ќе зажалите.

Оние слободните на почетокот на годината ќе запознаат личност која лажно ќе им се претставува.

Финансии


Во оваа година ве очекува поволен финансиски период. Одлучно ќе започнете во нови победи и нема да дозволите предупредувањата да ве запрат. Би било добро добиените пари во новата година да не ги потрошите наеднаш бидејќи до крајот на годината и тоа како ќе ви бидат потребни.

Здравје


Во текот на 2017 година вашето расположение ќе ви биде променливо. Доколку сте имале хируршка интервенција, за брзо време ќе се опоравите. Кон средината на годината ќе паднете во депресија. Нема да сакате да излезете од вашиот дом. Внимавајте на вашата исхрана, особено во текот на празниците.

Девица


Новата година ќе биде доста успешна за претставниците на овој знак. Големa е веројатноста да работите или студирате во странство. Работните проекти кои претходно сте ги започнале ќе ги завршите за неколку месеци. Ќе се појават препреки кои и самите ќе морате да ги надминете. Ќе можете да разговарате и да се потрпите на пријателите, но само од вас зависи дали ќе напредувате. Ќе успеете да издвоите време и пари за патување кое ќе ви се допадне и во таа прилика ќе запознаете интересни луѓе со кои ќе останете во контакт.

Кариера

Што се однесува до кариерата, 2017 година нема да ви донесе важни промени. Веројатно ќе ја работите работата која не ја сакате, но во исто време ќе го учите она во кое се пронаоѓате. Нема да сакате да зависите од други и ќе имате мотивација која ќе ве спречи да се откажете. Првите резултати ќе ги видите кон крајот на годината кога ќе можете да размислувате за давање отказ и аплицирање на посакуваното работно место.

Љубов


Оваа година на љубовен план ќе имате доста подеми и падови. Ќе бидете вплеткани во љубовен однос и нема да знаете што да очекувате од партнерот/партнерката. Ќе се жртвувате за вашата врска да успее, но тоа ќе го барате и од партнерот/партнерката. Саканата личност ќе ја идеализирате поради што нема да можете реално да ја согледате ситуацијата.

Доколку сте слободни, ќе имате можност да се запознаете со интересна личност. Бидејќи во минатото сте имале лоши искуства, постојано ќе им барате маани и ќе мислите дека нивните намери не се искрени.

Финансии

Во текот на оваа година ќе имате повеќе пари отколку што би можеле да замислите. Тоа ќе ви овозможи себеси да си овозможите работи кои долго време сте ги сакале. Ќе морате да бидете внимателни да не потрошите премногу.

Доколку се занимавате со спорт и уметност, ќе имате успех во натпреварите и ќе освоите вредни награди.

Здравје

Претходната година бевте невнимателни кога станува збор за здравјето, а последиците за брзо време ќе ги почувствувате. нема да го слушате вашиот организам и нема да го правите тоа што му одговара - доцна ќе одите на спиење, премногу ќе седите и ќе престојувате во зачадени простории. Вашата исхрана ќе биде еднолична па однапред треба да ги испланирате оброците и да ги носите на работа/факултет.

Вага


Почетокот на годината ќе го одбележи конфликтот со постар член на семејството кој ќе морате да го решите. Ќе прифатите компромис за да го зачувате мирот во домот.

Ќе морате да научите да се фокусирате на обврските и покрај личните проблеми кои ве оптеретуваат. Бидете упорни и сигурно ќе го добиете она што го сакате. Кон крајот на годината ќе бидете задоволни и горди со тоа што сте го постигнале.

Кариера


Страствени сте и брзи во вашата работа па ќе имате конфликти со колегите и надредените. Ќе сфататите дека во фирмата за која моментално работите не очекувате блескава иднина, па ќе дадете отказ. Бидејќи не сте тимски играч, ќе имате проблеми да се вклопите во новото работно опкружување, но кон средината на годината ќе пронајдете работа која целосно ќе ви одговара. Самите ќе ги сносите последиците за неуспех и ќе добиете признание за она што добро ќе го сработите. Полека ќе напредувате и ќе уживате во вашиот пат кон врвот.

Љубов


Што се однесува до љубовта, оваа година ќе имате повеќе додворувачи/ки отколку било кога. Нема да знаете за кој/а да се одлучите. Вагите кои се во долга врска ќе започнат да размислуваат за брак и семејство. Сериозно ќе разговарате со партнерот/партнерката и ќе барате да ви каже какви се неговите/нејзините планови за иднината.

Оние пак кои се во брак ќе бидат поотворени кон брачниот другар.

Финансии


Во 2017 година ќе ги наплатите активностите на кои сте работеле во претходниот период. Во првите неколку месеци ќе имате доста прилив на пари. Најдобро би било однапред да го испланирате буџетот и кон него да се придржувате цела година. Може да се случи да наследите недвижнини во која ќе морате многу да вложите. Постојано ќе барате нови предизвици па можно е со пријател или роднина да започнете приватен бизнис.

Здравје

Во текот на оваа година постојано ќе бидете на диети кои ќе имаат јо-јо ефект. Ќе сакате преку ноќ да го средите физичкиот изглед без многу напор. Вашата телесна тежина ќе варира што нема многу добро да се одрази на вашиот организам. Стресните ситуации ќе ви ја одземат енергијата со што ќе сакате само да спиете. Блиските луѓе постојано ќе ви велат дека лошо изгледате.

Шкорпија

Новата година ќе помине во радост и мир. Ќе одлучите да им простите на сите кои ве повредиле и да им дадете шанса на луѓето кои покажале дека навистина се каат бидејќи не биле коректни кон вас. Тоа ќе биде добар потег бидејќи повеќето од нив ќе имаат искрени намери. Ќе се појави можност да се преселите на територија која отсекогаш ви се чинела подобра за живот. Кон средината на годината ќе почувствувате потреба да бидете сами и да отпатувате некаде каде не познавате никој.

Кариера


Во текот на оваа година конечно ќе го добиете признанието за труд и работа во вид на покачување на платата и унапредување. Доброто расположение од приватниот живот ќе го пренесете и на работа. Ќе бидете омилени меѓу колегите и сите ќе сакаат да поминуваат време со вас. Ќе имате многу успеси во тимската работа и ќе се истакнете како способен лидер. Кон крајот на годината ќе ви се укаже можност да работите во странство.

Љубов

Ова за вас ќе биде возбудлива и непредвидлива година. Ќе ви донесе нови познанства и романси кои нема да бидат долгорочни. Ќе ви одговара ова бидејќи нема да сакате да се врзувате. Ќе ги привлекувате оние од спротивниот пол со вашата енергија.

Ако сте во долга врска, крајно време е на партнерот/партнерката да му/ѝ покажете што навистина чувствувате кон него/неа.

Доколку сте во брак, можно е да имате тајна врска со личност која ве привлекува. Успешно ќе криете од другите, но ќе сфатите дека премногу ризикувате и ќе се вратите на семејството.

Финансии


На почетокот на годината ќе имате многу трошоци поради кои ќе влезете во минус. Ќе позајмите пари под многу неповолни услови па ќе ви треба доста време да застанете на нозе. Неколку месеци подоцна ќе имате прилив на средства кои ќе ги вложите во работата. За брзо време ќе вратите се' и ќе заработите за пристоен живот со што ќе си овозможите летувања, патувања и многу работи за кои претходно само сонувавте.

Здравје


Во 2017 година здравствената состојба и формата ќе ви бидат на завидно ниво. Ќе ја исфрлите брзата храна и грицките кои сте ги консумирале доцна навечер гледајќи филмови. Со пријателите ќе започнете да посетувате теретана и едни со други ќе се охрабрувате во моментите кога ќе сакате да се откажете.

Стрелец


Во новата година ве очекуваат важни одлуки кои ќе го подобрат квалитетот на вашиот живот. Нема да сакате да се дружите со луѓето кои ќе ве оптеретуваат и тоа ќе им го кажете в лице. Ќе се трудите да си угодите себеси не размислувајќи многу за другите. Ќе запознаете нови луѓе кои ќе ви одговараат и со кои ќе започнете да излегувате. Оваа година за вас ќе биде успешна на сите полиња па ќе започнете повеќе проекти кои долго време сте ги одложувале. Сите коцки ќе се наредат и ќе сфатите дека ова е вистинско време да преземете контрола над вашиот живот.

Кариера

Кон почетокот на годината можно е да имате расправија со партнерите од работа или со шефот. Ќе бидете вознемирени поради тоа, но на крајот ќе поминете добро. Ќе имате нови шанси кои максимално ќе ги искористите. Ќе реализирате важни контакти па голема е веројатноста да патувате на саем или конгрес кој се одржува во странство. Ќе стекнете драгоцено знаење и искуство кое ќе ви биде од корист. Кон крајот на годината ќе имате премногу работа па ќе изнајмите некого да ви помогне.

Љубов

Ве очекува стабилност на љубовен план. Повеќе ќе се посветите на партнерот/партнерката и често ќе му/ѝ приредувате изненадувања. Ќе поминете доста време заедно па ќе размислувате за тоа да почнете заедно да живеете.

Ако сте во брак, морате да ја потиснете љубомората и да престанете да го контролирате секој чекор на сопругот/сопругата. Имајте повеќе доверба и немојте да правите сцени. Не разговарајте со луѓе кои имале лоши искуства бидејќи без потреба ќе се нервирате.

Слободните Стрелци ќе бидат во дилема дали да започнат врска со личност со која неодамна се запознале.

Финансии

Блиска личност ќе ве праша дали може да ѝ позајмите пари, но ќе морате да одбиете бидејќи едвај ќе имате и за вас. Кон средината н годината ќе бидете во подобра ситуација бидејќи ќе продадете или давате под кирија недвижнините кои не сте ги користеле.

Здравје

На почетокот на годината ќе фатите грип поради кој со денови ќе лежите во креветот. Нема да можете да се вратите на секојдневните обврски, бидејќи ќе морате да го зајакнете имунитетот, за да не се најдете повторно во оваа ситуација. Во некои моменти ќе се однесувате како хипохондрик и ќе ви се чини дека ништо не е во ред со вас.

Јарец

Оваа година ќе ви донесе промени на подобро кои долго време сте ги очекувале. Партнерите на работа ќе се покажат во вистинско светло па ќе сакате да соработувате со нив. Ќе застанат на ваша страна доколку некој се обиде да ве обвини за она што не сте го направиле. Ќе донесете одлука во согласност со вашите морални начела па свеста ќе ви биде мирна. По овој принцип ќе функционирате и на останатите полиња, и никој ништо нема да може да ви замери. Ќе бидете побавни од обично па ќе можи да се случи да пропуштите важни рокови.

Кариера

Вашата положба на работа ќе биде стандардно добра, но ќе сакате да научите нешто ново со кое би го збогатиле вашето знаење. Тоа може да биде курс по странски јазик, сметководство и слично. Во секој случај, ќе ви биде од корист во иднина, па добро би било да бидете упорни во оваа намера. Јарците кои останале без работа ќе имаат можност да волонтираат, но ова на многу од вас нема да им одговара, па ќе се откажете. Кон крајот на годината ќе имате премногу работа па едвај ќе чекате да одите на одмор и да ја избегнете гужвата.

Љубов

Слободните Јарци преку социјалните мрежи ќе запознаат интересна личност, но со текот на времето ќе сфатат дека не е таква каква што се претставува. Тоа тешко ќе ви падне, но најдобро е да ја знаете вистината. Благодарение на ова искуство ќе бидете повнимателно и повеќе никому нема да дозволите да ве повреди.

Претставниците на овој знак кои се во врска сакаат од мува да прават слон и со партнерот/партнерката ќе се расправаат без причина. На овие расправии ќе им придавате поголемо значење отколку што треба, па ќе ви биде чудно што партнерот/партнерката не се ни сеќава на нив. Имајте доверба и разговарајте за што и да ве мачи.

Јарците кои се во брак ќе имаат многу обврски па нема да се гледаат со семејството. Партнерот/партнерката ќе ви приговара за тоа, па ќе мора да направите компромис.

Финансии


Што се однесува до финансиите, оваа година некој ќе ви ги врати парите кои сте ги позајмиле. Пријатно ќе се изненадите и ќе испланирате на што да ги потрошите. Еден дел ќе сочувате бидејќи така ќе се чувствувате посигурно. Нема да сакате да се впуштите во ризични бизниси кои би можеле да ви донесат заработка, но и губење.

Здравје


Можно е утеха од проблемите да барате во храната поради што ќе качите некој килограм повеќе. Сепак, на време ќе се свестите и ќе започнете повеќе да се движите. Ќе размислите да вдомите куче кое би морале да го шетате неколку пати на ден.

Водолија

Во новата година ќе можете да здивнете бидејќи нема да ве мачи проблемот со кој се соочувавте претходните месеци. Ќе го насочите вашиот живот на реализирање на зацртаните цели и нема да дозволите стравот и изговорите да ве оддалечат од нив. Кон почетокот на годината ќе ви се укаже можност да се преселите и осамостоите. Поддршка ќе ви даде личност на која не сте сметале па ќе се потрудите да не го/ја изневерите.

Кариера


На почетокот на годината ќе имате успех на професионален план. Надредените ќе бидат задоволни со вашиот труд и работа, па во другиот дел на годината ќе се опуштите и ќе живеете од стара слава. Можно е да не ви се допаѓа работата со која се занимавате, но нема да смеете да дадете отказ бидејќи тоа ви е единствениот извор на финансии. Доколку бидете малку трпеливи, со мал напор ќе можете и себеси, но и на семејството да му овозможите удобен живот.

Ако се занимавате со спорт, уметност или новинарство, во средината на годината ве очекуваат признанија кои ќе претставуваат круна на вашата кариера.

Љубов


Во текот на оваа година ќе видите дека не можете се' да гледате низ розови очила туку дека мора да се соочите со реалноста. На партнерот/партнерката ќе му кажете што ве мачи без никаков страв. Тој/таа ќе ја цени вашата искреност така што и двајцата ќе се потрудите да ги промените оние навики кои сметаат.

Слободните Водолии ги очекува убав помин со личност со која редовно се дружите.

Водолиите ко исе во брак треба да внимаваат кому му се доверуваат за да не станат тема на озборувања.

Финансии


Во 2017 година правилно ќе раководите со пари и однапред ќе ги планирате трошоците. Нема да можете баш се' да предвидите па одреден износ ќе го чувате за црни денови. Нешто ќе ѝ позајмите на блиска личност која нема да биде во завидна финансиска ситуација.

Здравје

Оваа година повеќе внимание ќе посветите на вашето здравје па може да се случи да станете веган или вегетаријанец. Можно е да ве мачи алергија поради која ќе пробате се' и сешто и ќе пиете разни препарати. Често ќе одите на доктор, но кога ќе сфатите дека ни тие не знаат што ви е, сами ќе воведете промени.

Ако имате напорна работа, добро би било да започнете да се занимавате со јога и да одите на бањи.

Риби

Во 2017 година повеќе време ќе им посветите на пријателите и ќе се трудите секој слободен момент да го поминете со нив. Вашиот друштвен живот ќе биде се' поактивен и побогат од претходно и скоро никогаш нема да бидете дома. Семејните односи ќе се подобрат па со постарите членови од семејството ќе воспоставите солидна комуникација. Поради вашите цели ќе прифатите компромиси со кои нема целосно да се согласувате. Ќе морате да научите да ги контролирате вашите емоции бидејќи токму овој став може да ви предизвика неволји.

Кариера

Оваа година ќе бидете успешни во секој проект што ќе го започнете. За неколку месеци ќе ви се исплати вложувањето за кое сте мислеле дека пропаднало. Ќе станете експерт во вашата област и ќе можете да барате подобри услови. Ќе имате разни понуди па ќе ви треба време да одлучите која да ја прифатите. Кон крајот на годината ќе бидете унапредени, но ќе морате да прифатите некои услови.

Љубов


Крајно време е да престанете да живеете во минатото и од себе да правите жртва. Ако подобро погледнете, многу луѓе од вашето опкружување преживеале тешки искушенија. Штом го промените ставот, ќе сфатите дека не се сите исти и дека се'уште има добри луѓе.

Ако сте во врска, кон средината на годината ќе поставите ултиматум - партнерот/партнерката ќе треба да избира помеѓу вас и личностите кои вие не ги сакате. Ќе бидете свесни дека голема е веројатноста поради тоа да изгубите, но ќе одлучите да ризикувате.

Доколку сте во брак, на почетокот на годината со сопругот/сопругата ќе имате несогласувања. После неколку месеци ситуацијата ќе се поправи.

Финансии

На почетокот на годината вашата финансиска ситуација ќе се подобри бидејќи ќе добиете пари од наследство. Некој ќе ве наговори да ги вложите во бизнис бидејќи се плаши да не ги потрошите на глупости. Кон крајот на годината ќе соработуватее со странство па ќе имате голем прилив на средства.

Здравје

Во 2017 година вашата здравствена состојба ќе се подобри и ќе имате повеќе енергија отколку обично. Ќе се трудите порано да си легнувате и порано да станувате за да стигнете да го завршите утринскиот тренинг и да го прошетате домашното милениче.

Обрнете внимание на рокот на траењето на храната која ја консумирате бидејќи може да се случи да имате труење.Ќе бидете подложни на вируси бидејќи често ќе користите градски превоз и ќе престојувате во престории каде има гужва.   
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот