X
 01.08.2018 Економија

Плаќањето со кредитна картичка прави да трошите повеќе

Кога сте дете, членската картичка за во библиотека е магично нешто кое може да ви донесе неограничен пристап до радост. За многу возрасни, тоа го прави кредитната картичка. Луѓето често велат дека не е убаво со себе да носите многу кеш, но картичките исто така си имаат мани. Што ако имањето празен паричник ја празни вашата банкарска сметка?

Секако дека користењето кредитна картичка може да е феноменално. Не морате да носите со себе многу кеш, следењето на трошењето е полесно, а кредитните картички можат дури и да помогнат во штедењето. Но, истражувањата покажуваат дека картичките исто така може да ве наведат да трошите повеќе отколку што би потрошиле кога би носеле кеш.

Во 2001 година, истражувачите Дражен Прелеч и Данкан Симестер од МИТ им дале шанса на студентите по бизнис да наддаваат за три нешта: пар влезници за распродаден натпревар меѓу Бостон Селтикс и Мајами Хит, пар влезници за Ред Сокс и утешна награда од еден плакат од Селтикс и еден од Ред Сокс. Од студентите било побарано да кажат колку се расположени да платат за секое нешто, но им било кажано и дека лицето со највисоката понуда ќе може да ги купи нештата за сумата која била втора највисока меѓу понудените. Тие не добиле информација за оригиналната цена или типичната пазарна вредност за а се елиминира надворешното влијание. Единствената разлика меѓу наддавачите била што на некои им било кажано дека плаќањето мора да биде во кеш, а на други им било кажано дека тоа мора да се прави со картичка.

Излегува дека студените имале волја да платат во просек 83 отсто повеќе кога плаќале со кредитна картичка, отколку кога плаќале со кеш.

Фото: Pixabay

Тоа покажува дека сумата која сте расположени да ја платите со картичка не е иста со кешот кој го имате на рака. Изгледа има нешто во картичките што ве прави расположени да платите повеќе.

Но зошто кредитните карички ве тераат да трошите повеќе?

Професорите по маркетинг, Промотеш Чатерџи и Рандал Роуз се запрашале да не е можеби затоа што плаќањето со кредитна картичка всушност го менува начинот на кој ги перципираме продуктите. Нивната хипотеза била дека кредитните картички ве тераат да се фокусирате на бенефитите од продуктот, додека кешот прави да се фокусирате на тоа колку чини. Една студија од 2011 година покажа дека тоа е точно.

Кога плаќате со кеш, физички давате банкноти, па сте принудени да размислувате за сумата. Но, лесно е да ја поминете картичката кога сумата е само број и потоа морате до крајот на месецот да се справувате со трошењето.

Па како да го избегнете претераното трошење со кредитната картичка? Очигледно, носењето повеќе кеш е лесно решение, но плаќањето со кеш не е секогаш опција. Наместо да го менувате начинот на трошење, обидете се да го смените начинот на размислување.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија