X
 01.09.2022 Наука

НАСА го објави новиот датум за лансирање на мисијата „Артемис I“

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека в сабота повторно ќе се обиде да ја лансира својата ракета СЛС кон Месечината.

Станува збор за мисијата „Артемис I“, која требаше да почне во понеделник, но лансирањето беше откажано поради технички проблеми. Поточно, еден од петте мотори не се изладил доволно за да ја достигне оперативната температура.

По анализа на податоците, инженерите веруваат дека знаат зошто дошло до проблемот. Според нив, проблемот веројатно е поврзан со неточно читање на сензорот. Тие планираат порано да го започнат процесот на ладење на моторите за да го избегнат проблемот.



Ракетата СЛС е најголемата ракета на НАСА во историјата. Таа претставува модерен еквивалент на ракетите „Сатурн V“ што се користеле за испраќање луѓе на Месечината во 60-тите и 70-тите години. Во рамките на мисијата „Артемис I“, ракетата ќе ја однесе капсулата „Орион“ на пат околу Месечината, а тоа ќе биде демонстрациски лет без екипаж. Целта на идните мисии „Артемис“ е да се испратат луѓе на Месечината, што ќе претставува темел за идните патувања на Марс.

Новото лансирање е закажано за 3 септември, со почеток во 16:17 по средноевропско време. Лансирањето на ракетата СЛС до Месечината можете да го следите на видеото во продолжение.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука