X
 24.06.2021 Наука

Мала планета ќе ни се приближи во 2031., но нема опасност од удар

Астрономите откриле мала планета која ќе помине блиску до Сонцето, но нема опасност од судир. Последен пат ваква планета поминала толку блиску до нас кога биле живи неандарталците, пишува „Инчрестинг инџиниринг“.

Малата планета е наречена 2014 УН271, а се смета дека има дијаметар од помеѓу 100 и 370 километри. Во својето кружење околу Сонцето, планетата влегува во внатрешниот дел од сончевиот систем и излегува надвор од овој дел, а прави еден круг околу Сонцето на секои 612.190 години.


Фото: Pixabay

Во моментов, планетата се наоѓа на околу 22 астрономски единици од Сонцето. Една астрономска единица е еднаква на оддалеченоста од Сонцето до Земјата. Со други зборови, малата планета веќе е поблиску до Сонцето од Нептун.

Таа ќе биде најблиску до Сонцето во 2031 година, кога ќе биде на 10,9 астрономски единици од него, блиску до орбитата на Сатурн и поблиску до нас од Уран.

Поради големата топлина, планетата треба да има опашка, како кај кометите, додека се наоѓа во близина на Сонцето. Луѓето на Земјата веројатно ќе може да ја видат планетата со телескоп.

Извор: Interesting Engineering 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука