X
 12.04.2023 Наука

НАСА претстави интерактивна мапа со која можете да „шетате“ на Марс

Марс е нашата најблиска планета, но ниту еден човек не го поминал патот од 56 милиони километри до неа. Планирани се мисии кои треба да испратат астронаути на Марс во следната деценија или подоцна. Меѓутоа, сега постои едноставен начин да го истражите Марс од својот дом.

Американската вселенска агенција НАСА претстави нова интерактивна мапа која овозможува истражување на карпите и кратерите на Марс. Џеј Диксон, научникот кој ја водел мисијата за обработка на фотографии од Марс, посочи дека сакал да направи нешто што ќе им биде достапно на сите.

- Студентите може да го користат ова. Може да го користи дури и мојата мајка, која неодамна го прослави 78. роденден. Нашата цел е да се отстранат пречките за луѓето што се заинтересирани за истражување на Марс - објасни тој.

Мапата била направена со 110.000 фотографии снимени со сателит на НАСА и можете да ја најдете овде.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука