X
 01.09.2025 Живот

Кинески гигант: Највисокиот мост во светот успешно го помина тестот за оптоварување

Заврши петдневниот процес на тестирање на мостот „Хуаџијанг голем кањон“ во Кина.

Ова е истовремено и последниот чекор од подготовките пред официјалното отворање, кое е планирано за крајот на септември.

Тим од експерти постави 96 камиони истовремено на специфични точки на мостот за да ја провери неговата структурна цврстина и безбедност.

На висина од 625 метри над реката, по завршувањето, овој мост ќе стане рекордер и ќе биде највисокиот мост во светот изграден во планинска област.

 

Извор: BBC
Фото: Screenshot/BBC
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот