X
 29.09.2015 Живот

Предизвик за најхрабрите - дали би поминале преку овој мост?

Во Кина е отворен најдолгиот стаклен мост во светот, долг 300 метри, а е поставен на висина од околу 180 метри.

 

мост


Мостот се наоѓа во централната кинеска провинција Хунан над провалија во геолошко-забавниот парк Чангжажие.

За сите оние кои имаат страв од височина, одењето по мостот и не е баш најдобра идеја. Освен што се наоѓа на вртоглава висина над провалијата, мостот и нежно се ниша, што сигурно не влева премногу доверба кај оние кои и така се плашат од височина.

Мостот бил изграден од стаклени панели со дебелина од 24 милиметри кои се 25 пати посилни од обичното стакло, благодарение на што мостот може да издржи тежина од дури 800 луѓе истовремено. Освен за шетање, мостот е предвиден и за банџи скокови.

Погледнете како се одвивала изградбата на мостот, поставувањето на стаклените панели и прошетката на првите негови посетители.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот