X
 04.03.2017 Технологија

Основачите на „Snapchat“ немаат ни 30 години, а веќе станаа милијардери


Креаторите на Снепчет

Вредноста на „Snap“, компанијата која стои зад популарната апликација „Snapchat“, во првиот ден од тргувањето на берзата скокна за неверојатни 40%. Инвеститорите кои претходниот ден купуваа акции по цена од 17 долари за една, следниот ден имаа можност да ги продадат по цена од 24,48 долари, јавува Wall Street Journal.

Иницијалната јавна понуда на компанијата „Snap“ е најголемата на њујоршката берза по понудата на „Facebook“ од 2012.

„Snapchat“ е апликација за испраќање фотографии и пораки кои не остануваат зачувани, туку автоматски се бришат набрзо откако ќе се прегледаат и е многу популарна меѓу младите.

Основачите на компанијата Иван Шпигел (26) и Боби Марфи (28) ги понудија акциите на заинтересираните инвеститори по цена од 17 долари, со што ја проценија вкупната вредност на компанијата на 24 милијарди долари. Само неколку часа по отворањето на берзата, цената по акција достигна 25,69 долари, а беа истргувани повеќе од 150 милиони акции.

Иако пред продажбата тие нагласија дека минатата година компанијата изгубила 515 милиони долари и дека постои можност да не се задржи профитабилноста, интересот на берзата бил неспорен, па според сегашната цена на акциите, вредноста на компанијата достигна 34 милијарди долари. 

И покрај почетното воодушевување на инвеститорите, некои аналитичари сметаат дека вредноста на акциите е значително преценета и дека реалната цена е околу 10 долари за акција.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија