Во еден интересен експеримент „Чет-ГПТ“ даде одговор кој стана вирален на интернет.
Еден интернет-корисник се обиде да ги „тестира границите“ на вештачката интелигенција така што побара од „Чет-ГПТ“ да изброи од 1 до 1.000.000. Меѓутоа, одговорот што го доби го изненади, а снимката за брзо време стана вирална.
Имено, чет-ботот одби да ја исполни задачата и наместо тоа, објасни дека броењето до милион не е практично. Иако технички може да генерира бесконечни низи, неговата архитектура е дизајнирана за разговор, а не за монотони и долготрајни процеси.
Според пресметките, ако се броеше со темпо од околу два броја во секунда, до милион би биле потребни речиси шест дена непрекинат процес. Затоа, „Чет-ГПТ“ процени дека барањето е бесмислено и одби да го изврши.
Реакциите на корисниците на социјалните мрежи се поделени. Некои тврдат дека „Чет-ГПТ“ може, но не сака, други истакнуваа дека задачата непотребно би трошела електрична енергија и ресурси, а трети замеруваа што ВИ не понуди едноставно и јасно објаснување.
Овој случај уште еднаш ја отвора дискусијата за границите помеѓу она што вештачката интелигенција технички може да го направи и она што во практика е смислено и одржливо.
Извор:
Atvbl.rs
Фото: Pexels