Создавачите на „Чет-ГПТ“ открија кои професии се најзагрозени од развојот на вештачката интелигенција.
Денес, со причина сѐ повеќе луѓе се загрижени за растечките можности на вештачката интелигенција, и тоа со право. Иако никој не може точно да предвиди колку брзо ќе се развива во наредните години, факт е дека таа веќе го менува светот во кој живееме и значително влијае врз пазарот на трудот.
Компанијата „Опен АИ“ објави труд под наслов „Мерење на ефикасноста на нашите модели во задачи од реалниот свет“, во кој се проценуваат 44 работни места што се најмногу изложени на ризик да бидат заменети од вештачка интелигенција во блиска иднина.
Истражувањето користело процена наречена „ГДПвал“ со цел да се споредат најнапредни технолошки модели со човечките работници во девет од најпрофитабилните индустрии во САД.
Малопродажбата најпогодена - вештачката интелигенција ги надмина луѓето во 81 отсто од задачите
Една индустрија ќе биде сериозно погодена од имплементацијата на вештачката интелигенција бидејќи е утврдено дека системот „Клауд опус 4.1“ на компанијата „Антропик“ веќе ги надмина луѓето во постигнувањето резултати на работното место. Станува збор за малопродажба - се покажало дека „Клауд опус“ ги надминува службениците на шалтер и за изнајмување во 81 отсто од задачите, менаџерите за продажба во 79 отсто, а службениците за испорака, прием и инвентар во 76 отсто од работата.
Од друга страна, регистрираните медицински сестри успеале да го задржат водството во својата област - вештачката интелигенција ги надминала луѓето само во 37 отсто од задачите.
Во извештајот се наведува дека резултатите зависат од конкретниот модел на чет-бот што се користи бидејќи некои покажале подобри резултати во одредени работи од други.
- Убеден сум дека голем дел од сегашната корисничка поддршка, која се одвива преку телефон или компјутер, ќе ја преземе вештачката интелигенција и дека таа ќе го прави тоа подобро од луѓето - изјави Сем Алтман, генерален директор на компанијата „Опен АИ“, признавајќи дека проблемот со отпуштањата го загрижува.
Сепак, од компанијата нагласуваат дека овие резултати покажуваат дека вештачката интелигенција ќе им помага на луѓето во секојдневната работа, а нема нужно да ги замени иако тоа сè уште останува да се види.
Работни места и процент на задачи каде што ВИ ги надмина луѓето
Службеници на шалтер и за изнајмување - 81 отсто
Менаџери за продажба - 79 отсто
Службеници за испорака, прием и инвентар - 76 отсто
Уредници - 75 отсто
Програмери - 70 отсто
Приватни детективи и истражители - 70 отсто
Службеници за усогласеност - 69 отсто
Супервизори во производството (надвор од малопродажба) - 69 отсто
Продажни претставници (освен технички и научни производи) - 68 отсто
Менаџери на општи операции - 67 отсто
Менаџери во здравствени услуги - 65 отсто
Купувачи и агенти за набавка - 64 отсто
Лични финансиски советници - 64 отсто
Административни менаџери - 62 отсто
Претставници за корисничка поддршка - 59 отсто
Супервизори во малопродажба - 59 отсто
Супервизори во производство и операции - 58 отсто
Медицински сестри - 56 отсто
Агенти за недвижности - 54 отсто
Новинари и аналитичари на вести - 53 отсто
Менаџери за информатички системи - 52 отсто
Супервизори на полиција и детективи - 49 отсто
Продажни претставници за технички производи - 47 отсто
Адвокати - 46 отсто
Проект-менаџери - 42 отсто
Социјални работници (деца, семејства, училишта) - 42 отсто
Медицински секретари - 42 отсто
Финансиски агенти - 42 отсто
Супервизори на административен персонал - 41 отсто
Финансиски аналитичари - 41 отсто
Рекреативни работници - 37 отсто
Регистрирани медицински сестри - 37 отсто
Менаџери за недвижности и заедници - 34 отсто
Финансиски менаџери - 32 отсто
Продуценти и режисери - 31 отсто
Аудио и видеотехничари - 30 отсто
Работник за услуги и помош за секаков вид услуги - 29 отсто
Службеници за нарачки - 28 отсто
Агенти за продажба на недвижности - 27 отсто
Фармацевти - 26 отсто
Сметководители и ревизори - 24 отсто
Машински инженери - 23 отсто
Индустриски инженери - 17 отсто
Монтажери на филм и видео - 17 отсто
Фото: Freepik