X
 01.10.2025 Живот

Холивуд ја доби првата ВИ-ѕвезда: Изгледа како спој на Натали Портман и Скарлет Јохансон

На филмскиот фестивал во Цирих се појави нова ѕвезда - Тили Норвуд. Нејзиното име сè почесто се споменува во индустријата, но Тили не е вистинска личност. Таа е првата ВИ-актерка. Креатор е „Иксикоиа“, студио за ВИ-таленти основано од компанијата „Партикл6“, чија сопственичка е холандската актерка и дигитална продуцентка Елин ван дер Велден.

Пред неколку месеци Тили ја доби и првата улога. Станува збор за краткиот филм со наслов „Комесар на вештачката интелигенција“, во кој сè е генерирано со помош на вештачка интелигенција - од актери, гласови, до сценографија и околина.

- Бевме скептични и мислевме дека ова нема да успее. Но, во мај веќе го сменивме размислувањето. Кога ја претставивме Тили, луѓето се прашуваа што всушност е тоа. А денес се подготвуваме да објавиме која агенција ќе ја претставува во наредните месеци - вели Ван дер Велден.

 

Амбицијата е јасна - Тили Норвуд треба да стане новата Скарлет Јохансон или Натали Портман.

- Луѓето почнуваат да сфаќаат дека креативноста не треба да биде ограничена со буџетот. Кога нема такви бариери, вештачката интелигенција може да донесе многу позитивни работи. Сè се сведува на промена на перспективата. Епохата на синтетички актери не доаѓа, туку веќе е тука - додава Ван дер Велден.

Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот