X
 01.10.2025 Живот

Најмалку 69 лица загинаа во земјотресот што ги погоди Филипините, спасувачите се борат со времето

Најмалку 69 лица загинаа по земјотресот со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди централниот дел од Филипините.

Во покраината Себу е прогласена состојба на катастрофа откако земјотресот ја погоди областа вчера околу 22 часот по локално време.

Снимките пред и по земјотресот покажуваат колкава е штетата и може да се видат распукани мостови и патишта и уништени згради.

Спасувачите сега се борат со времето и бараат преживеани во рушевините, додека властите брзаат да достават помош и да ги вратат електричната енергија и комуникациските врски.

Филипините се многу ранливи на природни катастрофи и лежат на геолошки нестабилен „огнен прстен“, пренесе Би-би-си.

Земјотресот се случи по една недела откако тајфуните убија повеќе од 10 лица и невообичаено влажната сезона на монсуни предизвика поплави.

Во продолжение можете да погледнете снимки и фотографии од Филипините.

Извор: BBC
Насловна фотографија: EMSC

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот