X
 04.10.2022 Забава

433 лица ја добиле главната награда на лотарија на Филипини

Вкупно 433 лица ја добиле главната награда на лотарија на Филипини. Тоа е најголем број на луѓе што досега ја освоиле главната награда, пренесува Би-би-си, повикувајќи се на локални медиуми. Наградата изнесувала 4 милиони долари.

Властите побарале истрага за „сомнителните“ резултати од лотаријата. Според експертите, шансите за да се случи ова се многу мали.

Учесниците во лотаријата одбираат шест броја од 1 до 55. За да се освои главната награда, сите шест одбрани броја треба да одговараат на извлечените топчиња.

Од филипинската хуманитарна канцеларија за наградни игри изјавиле дека немало нерегуларности во извлекувањето. Според нив, многу играчи ги користат истите броеви кога играат и овој пат тоа им се исплатило.

Извор: BBC
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава