X
 23.09.2022 Живот

Кинез пронајден жив 17 дена по земјотрес

Лице кое се водеше како исчезнато 17 дена по земјотресот во кинеската југозападна провинција Сечуан, е пронајдено живо, јавија дел од локалните медиуми.

Работникот во хидроцентрала Ган Ју се водеше како исчезнат по земјотресот со јачина од 6,8 степени по Рихтеровата скала што го погоди Сечуан на 5 септември. Тој е пронајден жив од страна на локален жител.

Во земјотресот загинаа 93 лица, а стотици се здобија со повреди.

Ган и неговиот колега Луо Јонг на 5 септември останале кај хидроцентралата Вандонг. Тие сакале да им укажат прва помош на повредените колеги и да помогнат да се спречат поплави со испуштање вода од браната.

Двајцата пешки поминале околу 20 километри во планините околу хидроцентралата.

Но, тој бил кратковид и ги изгубил очилата, поради што тешко се снаоѓал на нерамниот терен.

Тие безуспешно се обидувале да испратат сигнал за помош. Луо подоцна сам отишол да бара помош и спасен е на 8 септември, откако со оган им го привлекол вниманието на спасувачите. Ган дотогаш ја напуштил својата локација.

Ган истакнал дека го преживеал 17-дневното искушение пиејќи вода и јадејќи диво овошје.

Тој е однесен во болница, каде што лекарите констатирале дека има неколку скршеници.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот