X
 01.11.2018 Живот

Македонија е меѓу 16. земји што ги исполниле обврските од Парискиот договор

Македонија е меѓу 16. држави од вкупно 197 потписнички на Парискиот договор за климата кои целосно ги исполниле обврските од тој договор, покажуваат резултатите од нова студија.

Освен Македонија, обврските ги исполниле Алжир, Канада, Костарика, Етиопија, Гватемала, Индонезија, Јапонија, Малезија, Црна Гора, Норвешка, Папуа Нова Гвинеја, Перу, Самоа, Сингапур и Тонга.

- Нашите анализи покажуваат дека земјите бавно ги спроведуваат своите заложби за НДЦ (национално определени придонеси) како цели во националните закони и политики - се вели во неодамна објавениот извештај.

Спроведувањето на Парискиот договор се потпира на пренесување на обврските што државите ги презеле во НДЦ во нивните национални закони и политики, каде што се дефинираат квантифицираните и мерливите домашни цели, Еуроактив пренесува делови од брифингот по повод направената студија.

- Имајќи предвид дека веќе постои јаз помеѓу целите во Парискиот договор и преземените обврски на земјите, препорачливо е државите да ги зајакнат ригидноста и транспарентноста на нивните тековни цели, како што се изразени во нивните национални закони и политики - се сугерира во извештајот.

Студијата „Усогласување на националните и меѓународните климатски цели“ ја објавија Институтот за истражување за климатски промени и животната средина Гринхам и Центарот за економски и социјални истражувања.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот