X
 01.11.2018 Живот

Над еден милион Венецуелци побегнале во Колумбија за девет месеци

Повеќе од еден милион Венецуелци пристигнале во Колумбија во првите девет месеци од 2018 година, а 676.000 заминале за други држави. Тоа го соопштија колумбиските имиграциски власти.

- Од јануари до септември 2018 година над еден милион Венецуелци влегле на колумбиска територија, а 676.000 заминале за трети земји, главно Еквадор, Перу, Чиле, САД и Мексико - се вели во соопштението на службата за миграција

Според податоците, речиси 1,9 милион луѓе ја напуштиле Венецуела од 2015 година, бегајќи од економската и политичката криза. Секој ден околу 5.000 граѓани ја напуштаат земјата, што е најголемата миграција во новата историја на Латинска Америка.

Колумбискиот претседател Иван Дуке на крајот од септември изјави дека пристигнувањето на еден милион венецуелски мигранти може да чини 0,5 проценти од бруто-домашниот производ на Колумбија, што значи околу милијарда и 348 милиони долари.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот