X
 02.01.2025 Живот

Дали сте слушнале за терминот „наношип“? Вака генерацијата З ги дефинира љубовните врски

Во современиот свет на „модерното запознавање“ се појавува нов тренд кој полека ги поместува границите на традиционалните „ситуејшншип“ (англ. situationship), односно недефинираните односи. Меѓутоа, феноменот познат како „наношип“ (англ. nanoship) станува многу поприсутен меѓу членовите на генерацијата З.

Станува збор за нов начин на поврзување кој го става фокусот на кратки, но значајни моменти, наместо на долги, нејасни и често збунувачки врски.

Секоја година апликацијата за запознавање „Тиндер“ спроведува истражување за да ги следи навиките на своите корисници и да ги забележи новите трендови.

Во својот годишен извештај наречен „Year In Swipe“, „Тиндер“ го претстави најновото истражување кое покажува промени во начинот на кој се поврзуваат луѓето.

Истражувањето е спроведено на 8.000 слободни луѓе, на возраст од 18 до 34 години, кои активно барале партнер, а еден од клучните забележани трендови за 2025 година е токму „наношип“.

- Слободните луѓе денес отворено зборуваат за нивните намери за забава и се јасни за тоа што сакаат и одбиваат да направат компромис. Овој став доведе до три главни трендови: отворено изразување на желбата, запознавање со бакнеж и наношип - објаснува Мелиса Хобли, главен маркетинг-директор на „Тиндер“.

Целта на „наношипот“ е во наоѓањето радост во малите нешта

Имено, наношипот е спротивност на „ситуејшоншип“, кој често се поврзува со несигурни и збунувачки односи. Иако „ситуејшоншипот“ вклучува долга, комплицирана врска во која двајца луѓе имаат различни очекувања, наношипот се заснова на краткотрајни, но среќни моменти.

Овој тренд ги нагласува ситниците што носат радост и уживање во моментот, без да ја оптоваруваат иднината. Се предвидува дека овој тренд ќе стане доминантен во светот на запознавањето, заменувајќи го стариот модел на врска што честопати беше збунувачки и исполнет со несигурности.

Извор: Klix.ba
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот