X
 02.03.2017 Здравје

Совети од невролог - Што се` треба да знаете за ноќната апнеа и несоницата?

Сонот е од исклучително значење за опстанок на човекот. Во просек, луѓето спијат 25 до 35 проценти од својот живот. Спиењето му овозможува на мозокот и телото да се одмори од дневниот стрес. Затоа, проблемите со спиењето може да предизвикаат цела низа здравствени проблеми кои, доколку не се лекуваат, оставаат последици, вели неврологот Пол Г. Метју на неговиот блог

Потребните часови за сон се разликуваат од личност до личност - така, на некои луѓе им се потребни само пет часа спиење, додека за други 9 часа. И премалку и премногу сон може да создадат проблеми. Класичен пример за ова се луѓето кои за викенд спијат повеќе. Иако се мисли дека подолгиот сон овозможува личноста да се чувствува одморен, спиењето дополнителни 2-3 часа може да направи човек да се чувствува замаено и помалку одморено. Кај пациентите кои имаат мигрена, и премалку и премногу сон може да предизвикаат напад на главоболка. Дремнувањето во текот на денот може да доведе до лош сон во текот на ноќта.

Иако сонот можеби е доволно долг, квалитетот на сонот може да биде лош. Прекинувањето во спиењето може да доведе до спиење на фрагменти. Кога личноста ќе продолжи да спие после прекинувањето на сонот, може да помине еден час додека го достигне делот за одмор во циклусот на спиење. Повторното прекинување на сонот пред човек да стигне до длабок сон може да значи повторно одложување во циклусот Луѓето кои во текот на ноќта се будат многу пати може да имаат ноќ без еден час длабок, мирен сон.

Лошиот квалитет или количината на сонот може да предизвикаат мамурлак (заспивање додека читате или додека возите), хроничен замор, главоболка, промена на расположението, раздразливост, слаба меморија и когнитивна дисфункција. Кога се зборува за прекинување на сонот, многу луѓе ќе речат дека мораат да одат во тоалет, што е честа причина, особено за постарите пациенти. Меѓутоа, ретко овие луѓе се будат поради потребата да одат во тоалет. Кај нив станува збор за спонтано будење. Откако ќе се разбудат, тие се свесни дека им се оди во тоалет, па мислат дека тоа е причината поради која се разбудиле. Доколку не верувате во ова, намалете го внесувањето на течности, па ќе видите дека повторно ќе се разбудите ист број пати.

Голем е проблемот ако спиете во кревет со домашни миленици. Експертите за проблеми со спиењето препорачуваат дека спалната соба не треба да се дели со домашните миленици. Секое нивно движење ќе ви пречи во сонот.

Апнеата пак, е состојба кога човек престанува да дише во сонот. Резултатот од ова е тоа што мозокот поминува повторувачки моменти на гушење. Луѓето сметаат дека 'рчењето е смешно и се смеат уште повеќе кога човек кој 'рчи одеднаш ќе испушти јачење.

Всушност, личноста која 'рчи гласно се бори за воздух бидејќи мозокот не добива доволно кислород. Апнеата го прекинува сонот, но го буди и оној кој спие покрај оваа личност. Нелекувањето на акнеата води до мозочен или срцев удар и деменција, предупредува докторот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје