X
 02.04.2023 Живот

За успехот на Ѓоко Хаџиевски, Даниела Алексовска - првак во бразилско џиу-џицу... Што пишувавме неделава

Еднакви можности за вработување на театарските работници има само на хартија, вели актерката Ангела Стојановска

Сѐ повеќе актери сме невработени и како што ќе дипломираат нови генерации, бројката ќе се зголемува. Не би знаеле да кажеме кој би имал приоритет да се вработи, сѐ зависи од театарот. Можностите за вработување се мали. Бидејќи на секој конкурс се вработуваат по 2-3 актери, се соочуваме со голема конкуренција, вели Марија Гечоска, дипломирана актерка

Само 11 отсто не би се иселиле, а за мнозинството испитаници доволна е плата од 1.000 до 2.000 евра за да останат, покажа анкета на Факултети.мк

По последните зголемувања на минималната плата и растот на просечната кој секој месец го забележуваме во податоците на Државниот завод за статистика, решивме да ги прашаме нашите читатели дали поголеми примања би го намалиле иселувањето од Македонија. Резултатите и одговорите, барем за нас, се очекувани, но и поразителни.

Даниела Алексовска, првак во бразилско џиу-џицу: „Честопати на турнирите се натпреварувам со машки противник“

Бразилското џиу-џицу е вештина која е најконкретна кога станува збор за самоодбрана, а покрај тоа таа е добра за физичкото, менталното здравје, за самодовербата итн. Даниела Алексовска е првак во бразилско џиу-џицу и ги охрабрува девојките да почнат да тренираат и нивниот број да почне да се зголемува, па заеднички да го срушат стереотипот дека девојките се за понежни спортови

За да ги видат тестовите на своите деца, родителите треба да земат денови од работа и во одредени термини да одат по кабинетите кај сите професори

Ни еден тест ќерка ми нема донесено дома, а е прва година средно. Повеќето професори им ги покажуваат на час, на катедра, еден по еден, колку да видат што добиле, но реално немаат време да ги разгледаат. На тестовите со задачи воопшто не знаат каде згрешиле, не можат да го донаучат тоа што им фали зашто не знаат што е тоа. Има и професори што никогаш не им ги даваат тестовите да ги видат, туку само им ги читаат оценките. Ова значи дека оценувањето воопшто не е транспарентен процес, споделува еден родител

По скалилата на успехот со Ѓоко Хаџиевски: „Татко ми сакаше да станам архитект, а постојано ме носеше на фудбал“

Мојот успех е што внесов повеќе од 20 играчи помлади од 21 година во репрезентацијата. Јас сум тренер кој многу лесно им дава шанса на младите играчи. Мојот стил е дисциплина во игра, но да има и креативност, вели Хаџиевски

Дефектологот и родителот се сојузници во училиштето за деца со попречености „Маца Овчарова“ , кое одбележа 50 години од постоењето

Почитувањето на триаголникот родител-ученик-дефектолог, односно сојузништвото на наставникот со родителите е основната водилка во професионалната работа на Основното училиште за деца со попречености „Маца Овчарова“ од Велес, кое одбележува јубилеј од пет децении работа.

Издвојуваме

Живот