X
 02.05.2017 Живот

Како изгледал светот пред 300 милиони години?

Некогаш одамна, на земјината површина се наоѓал само еден голем континент во кој биле споени сите континенти кои се познати денес.

Суперконтинентот по име Пангеа го заплискувале водите на големиот океан Панталаса, а формиран е пред околу 335 милиони години. Научниците сметаат дека поголемиот дел се наоѓал на јужната хемисфера и дека почнал да се раздвојува пред околу 175 милиони години.

Пореметувањето на тектонските плочи довело до настанување на Лауразија на северната земјина полутопка и Гондвана на јужната. Двата новонастанати континента ги раздвојувал океанот Тетис, а тие и понатаму се делеле на денешните континенти.

Дизајнерот Масимо Пјетробон наводно објавил картата на Пангеа со модерни политички граници, на која може да се видат неколку интересни работи.

На пример, Велика Британија не била остров туку се граничела со Франција, Канада ја дели границата со Данска и Португалија, Бразил како соседи ги има Намибија и Либерија, Италија се граничи со Тунис, а Грција со Либија.

Иронично, но Тибет не бил дел од Кина туку е припоен на Австралија, а САД се граничи со Куба, Сенегал и Мароко. Антарктикот е опкружен со Индија, Австралија, Шри Ланка, Мозамбик и Јужноафриканската Република.

Мапата
во висока резолуција може да ја погледнете ОВДЕ.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот