X
 09.01.2023 Живот

Трошоците за живот во 2022 се зголемиле за 14,2, а цените на мало за 12,6 отсто во споредба со лани

Трошоците за живот во 2022 година, во споредба со 2021, забележале пораст од 14,2 %, а цените на мало од 12,6 %, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Во декември 2022, пак, во споредба со претходниот месец, трошоците за живот се намалиле за 0,2, а цените на мало се зголемиле за 0,7%.

Движењето на индексот на трошоците на животот во 2022 година беше различно кај одделни групи. Пораст на индексите е забележан во групите: храна и безалкохолни пијалаци за 20,9 %, транспорт за 19,5 %, ресторани и хотели за 15,5 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 13,3 %, разновидни стоки и услуги за 8,9 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 8,6 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 7,5 %, рекреација и култура за 4,9 %, здравје за 4 %, облека и обувки за 1,8 %, комуникации за 0,4 % и образование за 0,3 %.

Движењето на индексот на цените на мало во 2022 година, исто така, беше различно кај одделни групи производи. Пораст на индексите е забележан во сите групи: индустриско-прехранбени производи за 20,1 %, земјоделски производи за 16,0 %, индустриско-непрехранбени производи и тутун за 14,2 %, пијалаци и услуги за 8,3 %. Индексот на трошоците за живот во декември 2022 година, вo споредба со декември 2021 година, забележа пораст од 18,7 %, а индексот на цените на мало забележа пораст од 15,1 %.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот