X
 02.05.2022 Живот

Микроодморите се нов начин да спречите исцрпеност на работното место

Спротивно на популарното верување, исцрпеноста не е резервирана за луѓе што не ја сакаат својата работа; тоа им се случува и на луѓе што го сакаат она што го работат, па дури може да се појави од причини кои немаат врска со работата.

Затоа, логично е дека сите луѓе би можеле да имаат корист од учењето креативни начини за лекување и, уште подобро, спречување на оваа состојба. Микроодморите се нов тренд бидејќи можат да го олеснат, а можеби и да го елиминираат ризикот од исцрпеност со тоа што ќе ви дадат поголема контрола на вашиот распоред и ќе ви помогнат да се исклучите од причините за стресот.

Постојат многу причини зошто многу луѓе не можат да одат на еднонеделни одмори на далечни места - како што се финансиите, работните обврски, грижа за други - па токму затоа земањето микроодмор може да биде добра алтернатива за спречување исцрпеност. И добрата вест за сите оние зафатени луѓе е дека одењето на микроодмор не бара да одите некаде или да трошите многу пари. На овој начин грижата за финансиите и времето е помала, но вие сепак ставате време и простор помеѓу вас и изворот на вашето исцрпување.

Микроодморите можат да го спречат исцрпувањето, па еве совети како да испланирате еден микроодмор.

1. Закажете „ден за досада“

Всушност, станува збор за расчистување на вашиот распоред и правење на она што сакате да го правите. Денот на целосна здодевност е еден вид неструктурирана игра, каква што би имале кога би биле дете. Не правете планови со никого, разбудете се кога сакате и одете онаму каде што ќе ве носи патот.

den
Фото: Freepik

Можеби уживање во прошетка во природа, дружење со пријателите, читање книга или едноставно лежење цел ден. Клучот е да си дозволите ден во кој нема да имате никакви планови или обврски.

2. Бидете внимателни кога го избирате просторот за микроодмор

Во однос на релаксирачките ситуации, не сите простори се еднакво функционални. Ова е особено точно за луѓето што работат од далечина и како резултат на тоа се измешани нивниот личен и професионален простор.

Треба да изберете соба која ќе ви биде простор за спиење и одмор и таму нема да биде дозволена работата.

3. Размислете за вашето тело, вашиот ум и вашиот дух


Овој совет доаѓа до сетилните елементи што го прават одморот одличен, а кои се применливи и кога одите на микроодмор за да спречите исцрпеност.

Кога сте на одмор, пробувате различна храна, мирисате неверојатни работи. Ако не си ја дадете таа разновидност, тешко е да излезете од секојдневниот живот. Така, додека сте на микроодмор, можете да пробате различна храна и да се опкружете со пријатни мириси, дури и ако не сте на тропска плажа.

Извор: Wellandgood.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот