X
 02.07.2017 Живот

Умствени трикови со кои повеќе ќе им се допаѓате на луѓето

Умствените трикови можат да ви донесат предност во социјализирањето, односно да успеете позитивно да влијаете на сите кои ќе ги сретнете. Потребен е минимален напор, а нивното несвесно влијание може да донесе големи разлики во секојдневниот живот.

1. Кога група на луѓе се смее, секој член од групата не може а да не оствари контакт со очите со лицето со кое се чувствува најблизок


Со ова можете да дознаете кои членови од вашиот тим се поврзуваат и учат да си веруваат едни на други. Вака учите и многу за тоа како се чувствувате за другите луѓе врз основа на тоа со кого воспоставувате контакт со очите.

2. Кога некој ви завршува одредена услуга, потоа на тоа лице да му се допаѓате повеќе

Кога ќе убедите некого да ви направи услуга, тие несвесно го оправдуваат тоа што ќе го направат. Типични оправдувања ги вклучуваат моментите како „Тој ми е пријател“, „Ми се допаѓа“ и слично. Не само што добивате помош од друго лице, туку тоа лице ве почитува и сака повеќе.

3. Тишината значи добивање одговори

Кога поставувате некому прашање и многу бавно добивате одговор, не чувствувајте притисок да продолжите со разговорот. Тишината може да биде ваша предност. Моментите на тишина прават луѓето да се чувствуваат дека треба нешто да кажат особено ако е нивен ред. Ова е одлична алатка за покомплицирани разговори и преговори.

4. Отворени дланки креираат доверба


Со ова луѓето повеќе се согласуваат со она што го зборувате и ве сметаат за пријателски настроена личност. Покажувањето со прстите пак, се смета за агресивно и непристојно.

5. Климањето со главата во разговорот предизвикува слушателот полесно да се согласува со вас

Ако сакате некој да го сфати и да го почитува вашиот начин на размислување, додека зборувате климајте со главата. Луѓето несвесно го набљудуваат говорот на телото за подобро да разберат што чувствуваат другите луѓе.

6. Луѓето ги паметат незавршените работи подобро

Најдобар начин да се заборават незавршените работи е да ги завршите во вашата глава. Ако песна ви се врти постојано во глава, обидете се да ги испеете последните стихови на себеси. Ќе бидете зачудени колку брзо ќе ви излезе од глава.

7. Џвакајте гума за џвакање

Со ова се намалува нивото на кортизол, хормонот кој е одговорен за стресот. Џвакањето гума за џвакање исто така ве прави подобри во извршувањето на задачи кои бараат добра меморија. Ова сигурно не сакате да го применувате кога зборувате, но е добар начин за да се ослободите од стресот пред некоја голема презентација или важен разговор.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот