X
 02.09.2018 Живот

Сиетл ќе гради модуларни куќи за бездомниците

Жителите на Сиетл со години гледаат како бројот на бездомници во нивниот град се зголемува. Им текнало едно навидум едноставно решение - зошто да не ја искористат технологијата на модуларни куќи и да ги сместат бездомниците таму? Градот и округот Кинг смислиле проект вреден 12 милиони долари со кој би требало да се обезбедат живеалишта за бездомниците.

Станува збор за тренд на изградба на модуларни домови, кои се составуваат на една локација, па се пренесуваат на некоја друга, а со тоа е снижена и цената. Слично нешто беше направено во Лос Анџелес, каде што со приватна инвестиција од 3,6 милиони долари се изградени апартмани за 32 бездомници. И тоа не какви било апартмани, туку тие се направени од рециклирани контејнери за превоз на стока.

Во Сан Франциско сакаат да основаат фабрика за изработка на модуларни домови за бездомници. Потрагата по слободно земјиште почна уште во јануари, но проектот беше стопиран поради побуната на локалните синдикати на градежниците, кои стравуваат дека евтините модуларни куќи ќе им ја уништат работата и ќе ја намалат цената на нивниот труд.

Калифорнискиот град Сан Хое планираше да изгради мали куќички како привремени домови за бездомниците, но против тоа беа другите жители. Главна причина беше тоа што тие не сакаат бездомници во нивните соседства бидејќи се плашат за безбедноста на домовите, но и за нивната вредност.

Слични проблеми има и Сиетл. За да продолжи напред со проектот, градот прво мора да ги обезбеди неопходните дозволи, а тоа е многу бавен процес.

Модуларното градење ги намалува трошоците за градба за околу 20 отсто, а времето потребно за конструкција е дупло пократко, па една куќичка може да биде готова за три месеци.

Сите овие градови се наоѓаат во близина на Силициумската долина, каде што во последните децении се доселуваат илјадници технолошки работници, па со тоа порасна и цената на становите. Поради тоа, расте и бројот на бездомници, па заедницата се труди да пронајде најдобро решение
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот