X
 02.10.2020 Живот

Тел Авив ќе стане првиот град со електрични патишта што ќе го напојуваат јавниот превоз

Изградбата на електричен пат ќе го направи Тел Авив првиот град во светот што ќе воспостави широко распространета технологија што ќе може да ги напојува возилата додека возат.

Градот, во партнерството со „Електроен“ и „Ден бас компани“, лансира пилот-проект за инсталирање безжични електрични патишта за полнење на јавниот превоз во градот.

Проектот ќе биде спроведен меѓу железничката станица на Универзитетот во Тел Авив до терминалот Клацкин во Рамат Авив - маршрута од два километри, вклучувајќи 600-метарски електричен пат.

Според соопштението, проектот ќе им овозможи на специјално опремените електрични автобуси, способни да се полнат директно од електричната инфраструктура под патот, да патуваат на самата маршрута.

Ова значи дека за автобусите нема да бидат потребни скапи, тешки батерии. Нема потреба да одат на полнење или на бензински пумпи, а кога патуваат по таа инфраструктура, ќе имаат неограничено време на патување.

patista
Фото: Tel Aviv-Yafo Municipality

По завршувањето на тестовите и интеграцијата на технологијата, „Ден бас компани“ ќе почне редовно патување на релација, опслужувајќи патници што патуваат до Универзитетот во Тел Авив.

Градот ќе ја процени можноста за дополнителен електричен транспорт вклучувајќи дистрибутивни камиони и приватни автономни возила.

Пилот-проектот претставува дел од пошироката општинска политика што им придава големо значење на електричните возила и намалување на загадувањето на воздухот во градот. Исто така, електричните патишта ќе помогнат за намалување на загадувањето на бучавата со цел да се подобри квалитетот на животот на жителите и посетителите на градот.

- Не се сомневаме дека ако експериментот биде успешен, не само што ќе се заштедат ресурсите туку и ќе се подобри оперативната ефикасност на јавниот превоз, а можеби дури и ќе произлезе нов метод на електрификација од светски ранг - изјави Меитал Лехави, заменик-градоначалник.

Извор: Good News Network
Фото: Guy Yechiely
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот