X
 02.10.2023 Живот

Во оваа европска земја стапи во сила првиот закон за благосостојба на животните

Во Шпанија стапи во сила првиот закон за благосостојба на животните, кој ги менува законските обврски на сопствениците на домашни миленици.

Од денес во Шпанија е нелегално да се остават кучињата сами повеќе од 24 часа или да бидат врзани на јавни места без надзор. Ако некој биде фатен како ги остава кучињата да чекаат надвор додека оди во продавница, може да биде казнет од 500 до 10.000 евра.

- Да оставите животно врзано една минута за да одите да купите леб не е проблем, но да го оставите на сонце еден час за да одите во трговски центар е проблем, бидејќи може да дехидрира и да се соочи со ризик да биде малтретирано или нападнато од друго куче - изјави Нурија Менендез де Лано, шеф на Опсерваторијата за правда и одбрана на животните.

Според законот, сите мачки мора да бидат стерилизирани и да имаат микрочип пред да наполнат шест месеци, освен ако немаат посебна дозвола за размножување. Освен тоа, сите сопственици на кучиња, мачки и птици мора да ги идентификуваат своите миленици во локалните регистри.

Целта на овие мерки е намалување на бројот на луѓе што ги напуштаат своите домашни миленици. Шпанија е европска земја со највисока стапка на напуштање на животните.

Исто така, законот предвидува домашните миленици да можат да бидат оставени сами дома најмногу три дена.

Ниту едно животно не смее да се чува на балкон или на места за складирање, или постојано да биде врзано на отворено.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот