Стоите на аголот на улицата и ви приоѓа полицаец кој ви вели дека сте уапсени. Си го враќате филмот наназад и се обидувате да се сетите каде сте згрешиле и што сте направиле погрешно. Ништо не ви паѓа на памет. Но, полицаецот наместо да ви стави лисици, тој ви подарува пица.
![пица](/images/news/2015/08/20150805-besplatna-pica-za-sekoj-koj-go-pochituva-zakonot-m.jpg)
Во Денвер, Колорадо, полицајците делат бонови за пица вредни 10 долари од ресторанот Papa John's за да ги наградат граѓаните кои прават добро и ги негуваат вистинските американски вредности. Денверската полиција ја опишува кампањата со следните зборови:
„Кој не цени тапкање по рамо? Во тој дух, денверската полиција започна иницијатива која ги наградува луѓето за нивната грижа и добри дела, за помагање на другите и почитување на законите.