X
 02.10.2025 Живот

Првата книжарница на MОMA во светот отворена во Јужна Кореја

МОМА, или Музејот на модерна уметност, е еден од најпознатите музеи во Њујорк. Во него се сместени престижни колекции, но и книжарници и дизајнерски продавници полни со музејски каталози, како и култниот бренд МОМА. 
Дел од него сега е во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, бидејќи таму е отворена првата книжарница на МОМА во светот. Тоа е соработка помеѓу музејот и „Хјундаи кард“.

Книжарницата се наоѓа во паркот Досан во областа Гангнам. Тоа е првата книжарница што МоМА ја отворила надвор од делот за книги на продавниците на „МОМА дизајн“ и содржи над илјада книги и двесте наслови релевантни за уметноста.



Резултат на 20-годишна соработка


Книжарницата на МОМА е идеја на Тед Чунг, извршен директор на „Хјундаи кард“. Тој сакал да создаде нов вид продавница на МОМА за Сеул. Отворањето ја одбележува и дваесетгодишнината од партнерството меѓу двете страни. Тие првпат соработувале во 2006 година кога МОМА ја направи својата онлајн продавница достапна во Јужна Кореја. Подоцна, во 2010 година, на сопствениците на картички на „Хјундаи“ им беа дадени бенефиции поврзани со МОМА. Минатата година беше лансирана Програмата за кураторска размена на „Хјундаи кард“ за поддршка на меѓуконтиненталниот дијалог меѓу корејските и американските уметнички заедници.


Што има во книжарницата?

Книжарницата на MОMA е внимателно дизајниран простор кој нуди над 1.100 наслови. Станува збор за ексклузивни каталози на изложби, книги за современа уметност, фотографија и дизајн, како и сопствени каталози на MОMA. За разлика од претходните малопродажни потфати на MОMA, оваа е исклучиво посветена на публикации, создавајќи уникатен простор за љубителите на уметноста. Покрај книгите, книжарницата нуди дизајнерски предмети и производи за животен стил, сите внимателно избрани за да ја одразат кураторската визија на музејот.


Врз основа на ова партнерство, книжарницата МОМА е дизајнирана да им понуди уште едно искуство на корејските купувачи. Во исто време, таа дава можност да се доживее светски познатото знаење и инспирација за модерната уметност во секојдневниот живот. Со својата природна светлина и книги, книжарницата МОМА ја буди уметничката љубопитност кај посетителите и нуди уникатно искуство, како да шетате низ уметничкиот свет на Њујорк.

Извор: journal.hr

Фото: Instagram screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот