X
 02.11.2015 Живот

Дознајте колку луѓе во светот го носат вашето презиме

Сметате дека имате уникатно презиме? Можеби тоа не е точно.

Една интернет-страница може да ви помогне да откриете дали некој на светот го носи истото презиме како вас.

Интернет-страницата се вика „Forebears.in“, а на неа може да проверите колкумина го носат вашето презиме и во која земја тоа е најзастапено. Во базата на податоци на страницата има 11 милиони презимиња. Сè што треба да сторите е да го внесете своето презиме, а потоа да ги чекате резултатите од базата на податоци.

Освен вкупниот број лица со исто презиме како вас, на картата од светот се гледа и бројот на презимиња во секоја држава. Таму може да се најдат и некои интересни факти за вашето презиме и варијации од презимето.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот