X
 02.11.2018 Живот

Германска амбасада: Граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ не можат да работат под исти услови со оние што се

Германската амбасада соопшти дека не се точни известувањата за нов закон што ќе стапи во сила од 1 јануари 2019 година, со кој на граѓаните од земјите што не се членки на Европската Унија ќе им се овозможи да се вработат во некоја од државите од Унијата под истите услови како граѓаните на земјите-членки на ЕУ.

  -На граѓаните на земјите што не се членки на ЕУ потребна им е како досега, така и по 1 јануари 2019 година, валидна работна виза во Германија. Барањето за виза може да се поднесе само во германската амбасада во Скопје и само таму се издава визата - прецизираат од Амбасадата на Германија во Скопје.

Амбасадата укажува уште еднаш на тоа дека таа не соработува со посредници или агенции.

 - Преку нив не може да се добие ниту термин порано ниту, пак, да се забрза визната постапка. Таксата за виза изнесува по правило 75 евра и се наплаќа во готово, исклучиво во евра, директно на шалтерот за виза кога се поднесува барање за виза. Други такси нема во визното одделение. Добивањето на обрасците и на упатствата, како и закажувањето на терминот, се бесплатни - наведоа од германската амбасада.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот