X
 02.05.2023 Живот

Откриено каде живеат најмногу милионери - само еден европски град е на листата

Во вестите што не им се најважни на „обичните смртници“ можеби ви избегала информацијата за тоа кои се најбогатите градови на планетата.

Критериумот овој пат е едноставен: се барале градови во кои живеат најголем број милионери, а листата била направена од компанијата „Хенли & партнерс“, во која биле анализирани 97 града.

На врвот на листата со најбогати оваа година е Њујорк, кој може да се пофали со 340.000 милионери, но и 58 милијардери. На второто место е главниот град на Јапонија, Токио, кој е дом на 290.000 милионери.

град
Фото: Henleyglobal.com

Американската заливска област на Сан Франциско е трета на листата, веројатно благодарение на добро платените работници од технолошкиот сектор во Силициумската долина. Инаку, тука живеат и најголем број милијардери, односно 63.

Оваа година само еден европски град влезе во првите десет најбогати градови, а тоа е Лондон. На листата најголемиот број градови се од САД и од Азија.

Лондон се наоѓа на четврто место, а потоа следуваат Сингапур, Лос Анџелес, Хонгконг, Пекинг, Шангај и Сиднеј.

Целосната листа можете да ја погледнете ТУКА.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот