X
 02.12.2022 Живот

Американските средношколци мислат дека светот порано бил црно-бел

Професор во средно училиште стана популарен на „Тик-ток“ откако сподели искуство кое шокира многумина.

Во видео на социјалната мрежа, професорот раскажува за случај во кој негов ученик го прашал дали бил жив кога светот бил црно-бел. Збунет од прашањето, професорот побарал објаснување.

- Знаете, како во старите телевизиски програми, светот бил црно-бел, кога добил боја? - прашал ученикот.

Ученикот дополнително прашал дали светот бил црно-бел или сите гледале црно-бело. Се чини дека овој ученик не е единствениот кој мислел дека светот порано бил црно-бел, бидејќи половина од учениците потврдиле дека го делеле неговото мислење.

@rjallen64

♬ original sound - user3314232036807



Извор: TikTok
Насловна фотографија: TikTok (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот