X
 02.12.2022 Живот

Германците одлучија повеќе да не вработуваат млади луѓе: „Генерацијата З е неспособна за работа и живот“

Агенција во Хамбург повеќе не вработува млади приправници. Причината - генерацијата З повеќе го цени слободното време отколку работата.

Актуелните студии покажуваат дека таканаречената генерација З, која пред некое време влезе на пазарот на трудот, има сосема поинакви очекувања од работата. Младите родени меѓу 1995 и околу 2000 година имаат големи барања.

- Овие млади луѓе имаат ограничена способност за концентрација, издржливост и способност да воспостават контакт - вели германски експерт.

Причината за слабоста на генерацијата родена на крајот од милениумот тој ја гледа во прекумерната заштита од страна на родителите.

- Родителите ги претвораат децата во слаби луѓе - предупредува просветен научник.

Доаѓаат со листа на желби на интервју за работа

Агенциите во Хамбург мора да се справат со различни работодавци кои повеќе не сакаат да работат со генерацијата З. Фризер од Хамбург повеќе не прима практиканти поради недостиг на почит и страст. И хамбуршката стартап-компанија „Нердинструстис“, исто така, се воздржува од вработување постмилениумци.

Искуството покажува дека некои млади луѓе носат список со желби на интервју за работа. Еден од условите е да се слободни во вторник и четврток бидејќи планираат да одат на јога од 17 часот.

Работници ориентирани кон слободното време


- Ориентацијата кон слободното време кај младите се зголеми во последните години - вели работодавец од Хамбург. Тој ги опишува работните навики на генерацијата З.

- Ќе дојдат на работа, но ако е премногу стресно, попрво би заминале - вели тој.

intervju
Фото: Freepik

Социолозите сметаат дека родителите се виновни за недоволната посветеност на младите работници. Научниците одат дотаму што ја квалификуваат генерацијата З како „генерација неспособна за живот“.

- Децата што никогаш не наидуваат на пречки не учат да работат самостојно, да издржат конфликти и тензии. Но, сите овие работи се всушност дел од здравиот развој - вели истражувачот.

Тековните студии покажуваат дека генерацијата З е поверојатно да биде невработена отколку несреќна на работа. Дури 56 отсто од нив во анкета изјавиле дека ќе престанат да работат доколку работата им се одрази врз приватниот живот.

Факторот слободно време


Исто така, младите вработени бараат јасна поделба на работата и слободното време. Речиси половина од испитаниците не би прифатиле работа во компанија што не одговара на нивните социјални и еколошки погледи - а за 53 отсто од нив факторот „слободно време“ е во центарот на нивните барања за работа.

Поголемите компании имаат поголема способност да си дозволат да ја исполнат оваа желба на младите работници.

- Како мала компанија, имате поинаква економска одговорност, треба да ги задоволите клиентите и да работите за време на викендот - вели еден директор на компанија од Хамбург.

Не се живее за работата


Бејби-бумерите живееја за работата, а новата генерација само сака да работи доволно за да живее добро.

- Никој не бара од практикантите да ги извршуваат истите работни обврски како обичните работници. Но, ако треба да одите на јога по 17 часот, ние не можеме да ви помогнeме. Така не функционираат работите - објаснува раководител на германска компанија.

Под знак прашалник е до кога шефовите на компаниите ќе имаат негативен однос кон желбите на новите вработени, но едно е јасно: сигурно нема да има нови „бејби бумери“ кои ќе живеат за работата. Генерацијата З само сака да работи онолку колку што е потребно за да заработи доволно пари.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот