X
 31.08.2017 Живот

Германија има слободни работни места за сите македонски граѓани

германија
Фото: Pixabay

„Недостигот на квалификувани работници станува сè поголем предизвик за германските компании“, вели Кристијан Болхоф, директор на консултантската компанија „Прогнос“ со седиште во Базел.

Компанијата спровела научно истражување базирано на оваа тема, а заклучокот е дека ситуацијата драматично ќе се заостри. Така, според истражувањето, во 2030 година во Германија би можеле да недостигаат околу 3 милиони, а во 2040 3,3 милиони стручни работници.

Бројот на луѓе способни за работа ќе продолжи значително да се намалува - над 10% до 2040 година, вели истражувањето. Со тоа, поради зголемената интензивна меѓународна конкуренција, различната потрошувачка и дигитализацијата во сите економски области, некои професии ќе изгубат важност. Истовремено, во некои области ќе недостигаат експерти.

Научниците предвидуваат дека многу надзорни и безбедносни професии ќе исчезнат. Возачите на камионите и вработените во индустриите за пакување ќе бидат заменети со роботи и автомати. Истото важи и за сметководителите, вработените во кредитните институции и брокерите за недвижности - овие професии ќе бидат заменети со електронски системи. Но во 2020, а уште повеќе во 2030 година ќе недостигаат менаџери, научници, инженери, доктори, медицински и сестрински персонал, а во некои случаи и вработени во креативни професии и во новинарството.

Колку баратели на азил би можеле да го надоместат недостигот на квалификувана работа сила, не е опфатено во истражувањето. Германската сојузна влада оваа среда ќе објави нов извештај за состојбата на работната сила.

Експертите од „Прогнос“ предлагаат мерки за намалување на недостигот на квалификувана работна сила. Во истражувањето тие се залагаат за „офанзива на образованието“. Поконкретно, според нивното мислење, потребно е охрабрување на стручното образование и можност младите луѓе да стекнат некоја професија. За луѓето што веќе работат, потребно е „ефективно дополнително образование“ што ќе ги подготви за нови занимања создадени со користење интернет во фабричките сали. Освен тоа, на жените и на мажите, после породилното отсуство, треба да им се олесни враќањето на работа. Постарите луѓе треба да бидат мотивирани да работат подолго. Со овие мерки недостигот на стручна работна сила долгорочно треба да биде намален на 2 милиона. Со тоа луѓето што не работат полно работно време, би требало да бидат поттикнати да го продолжат своето работно време.

Во сите сценарија, веќе се претпоставува дека 200.000 имигранти доаѓаат во Германија. За тоа колку баратели на азил што во последно време дошле во Германија би можеле да придонесат за намалување на недостигот на квалификувана работна сила, нема податоци во истражувањето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот