X
 03.01.2020 Забава

Хрватка беше дел од серијата „Пријатели“, а никој не ја забележа

Во втората епизода од третата сезона на „Пријатели“ - The One When No One's Ready - има сцена на која најверните фанови сигурно се сеќаваат, а тоа е моментот кога Чендлер влегува и кажува како решил тест од магазинот „Космополитен“ и дека според резултатите, мажите му се поважни од кариерата.

Она што многумина не го забележаа во таа епизода е жената на насловната страница на тој број на списанието. Станува збор за Татјана Драговиќ, поранешна сопруга на Горан Иванишевиќ и една од најпознатите хрватски манекенки. Татјана на насловната на „Космополитен“ се појави во 1998 година, а токму тоа била и првата фотографија од неа што ја видел Иванишевиќ. Поради таа фотографија, тенисерот ги искористил сите познанства да дојде до манекенката.



Татјана и Горан се разведоа во 2013 година по 17 години брак, а барањето за развод било поднесено од нејзина страна. Тие имаат две деца. Татјана, според пишувањата на хрватските медиуми, пред неколку години поднела барање во градската управа во Загреб за парична помош поради добивање трето дете, како и барање за еднократна помош од државата. Медиумите пренесуваа и дека Иванишевиќ по разводот продолжил финансиски да ја помага поранешната сопруга и дека ѝ го препишал станот во центарот на Загреб, во кој таа подоцна живеела со новиот партнер.


Татјана имала само 13 години кога влегла во светот на моделите и тогаш учествувала во ревија на „Диор“, а на пистата излегла држејќи се за рака со Карла Бруни. Снимала и реклами за многу врвни дизајнери. Нејзиниот брак со Иванишевиќ беше проследен со многу афери и шпекулации за неверства.

View this post on Instagram

Gianfranco Ferre 1998 🖤

A post shared by TATJANA🖤 (@tatjana_dragovic) on


Поранешниот тенисер речиси две години е во брак со водителката Нивес, со која во 2018 година доби и син, додека Татјана новата љубов ја пронајде во младиот музичар Влахо Арбулиќ, со кого има 4-годишна ќерка.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава