X
 03.02.2019 Наука

Неверојатни фотографии од Марс што ќе ве воодушеват

Преку фотографиите од Марс научниците откриле дека меѓу четвртата планета од Сонцето и нашата планета нема голема разлика, кога станува збор за најтешките услови. На Марс се наоѓаат остатоци од она што некогаш биле вулкани, метеори и кратери, поплави и мраз. Иако Црвената Планета сега е прилично непријателска средина за луѓето, НАСА напредува со плановите да испрати луѓе таму - можеби некаде во 2030 г.

Колоризацијата на овие слики од Марс е сосема точна. Кога роверот испраќа слики од Марс назад на Земјата, секој пиксел во сликата е кодиран од нули и единици, а овој бинарен код потоа се преведува во боја и осветленост откако ќе бидат земени од длабоките вселенски антени.

- Во основа создаваме пософистицирана верзија на боењето по бројки, кога ги реконструираме сликите - вели Ерик де Јонг, еден од членовите на тимот задолжен за обработка на фотографиите на Марс.

mars

Сликите од Марс во галеријата дадена во продолжение се снимени од „Извидничкиот орбитер на Марс“, кој бил лансиран од Кејп Карневал во 2005 година, како и од роверот „Кјуриосити“, најголемиот и најспособен ровер што некогаш бил испратен на Марс, а беше лансиран во 2011 година.

„Извидничкиот орбитер на Марс“ ја истражува планетата правејќи слики одблиску и ја има најголемата камера што некогаш била вклучена во планетарната мисија. Оваа камера е уникатна бидејќи може да прави разлика и меѓу најмалите објекти. Еден клучен елемент во неговата мисија е и да идентификува мраз, вода и други показатели за потенцијален живот.

Формирањето и еволуцијата на Марс се споредливи со Земјата. Пред 3,8-3,5 милијарди години Марс и Земјата имале голема сличност. Тогаш Марс бил потопол и повлажен, што значи дека можеби имало можност да се појави живот во тоа време.

Потрагата по живот е исто така во преден план. Кога научниците откриле вода на Марс во вид на Марс, тие си го поставиле прашањето дали постоел живот на Марс или, пак, би можел да постои и дали има потенцијал да се појави некогаш.

Исто така, истражувачите размислуваат за тоа што би било потребно за луѓето да преживеат на Марс ако некогаш ја колонизираме оваа планета. Постојат безброј предизвици со кои луѓето мора да се соочат пред да можат да патуваат на Марс и назад. Мора да се пронајде начин да се заштитат астронаутите од космичкото и сончевото зрачење, кое е посилно во длабоката вселена отколку во вселенската станица. Истражувачите работат на дизајнирање вселенски костими што ќе имаат заштита од зраци и заштита од радијација.

И технологијата игра голема улога - не само во испраќањето слики од Марс на Земјата, туку и во помагањето да го разбереме пејзажот на планетата. „Гугл“ дури и ја мапира целата планета за да овозможи интерактивно искуство на Марс, без зрачењето.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука