X
 21.06.2022 Наука

Амбер Херд го има совршеното лице, вели науката

Специјална техника за мапирање на лицето која ги разгледува карактеристиките и растојанијата меѓу нив, ја истакна холивудската ѕвезда Амбер Херд дека има лице блиску до совршенството.

Лицето на Амбер Херд е најубавото на светот и се чини дека тоа е факт, вели науката.

Специјалната формула за мапирање откри дека актерката, која беше на насловните страници благодарение на судењето со Џони Деп, има блиску до совршено лице.

Техниката гледа различни карактеристики и растојанија меѓу нив, измерени и анализирани, вклучувајќи ги очите, носот, усните и обликот на лицето. Пресметките потоа очигледно откриваат колку е лицето блиску до грчкиот златен однос на убавината, Фи, што е 1,618.

амбер
Фото: Instagram

Во 2016 година, лицето на Херд беше испитано на фотографии, а д-р Џулијан Де Силва од Харли Стрит откри дека нејзините карактеристики се најблиску со 91,85 отсто. Докторот изјави дека откако била создадена нова техника на компјутерско мапирање и алгоритми за клучните точки на маркери на лицето, тој одлучил да го тестира системот на некои од најубавите жени во светот.

- Грците открија дека соодносот се јавува насекаде во природата и со илјадници години се сметаше дека ја содржи тајната формула на најубавите лица на светот. Долго се мислеше дека соодносот Фи од 1,618 ја држи тајната за убавината, но сега со компјутерското мапирање можеме да пресметаме како тоа се однесува на вистинските жени - додава тој.

ријана
Фото: Instagram

Се разбира, освен Херд и други жени поминаа добро. Според теоријата, Скарлет Јохансон има совршени очи, постигнувајќи 95,95 отсто. Актерката и моделот Емили Ратајковски постигна 96,7 отсто и се најде на врвот во категоријата најубави усни. Најубави веѓи има Ким Кардашијан, Ријана има најубава форма на лицето, а Кејт Мос има најубаво чело.

Извор: Walesonline.co.uk
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука