X
 03.02.2023 Живот

Замената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1.400 до 1.500 денари

Замената на регистарските таблички со ознака МК со нова НМК (NMK) граѓаните треба да ја направат во овластени станици за технички преглед, а тоа ќе ги чини од 1.400 до 1.500 денари. Министерството за внатрешни работи деновиве информира дека граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила, заклучно со 12.2.2024 мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката МК со ознаката НМК (NMK).

- Сопствениците на возилата треба да поднесат барање за промена на регистарски таблички во овластени станици за технички преглед каде што врз основа на барањето на шалтерот на МВР се поднесува барањето за промена на регистарските таблички и од страна на референтот на МВР се издаваат нова сообраќајна дозвола и нови регистарски таблички на трошок на сопственикот на возилото. Цената на сообраќајната дозвола е 200 денари, а цената на регистарските таблички е 1.200 до 1.300 денари во зависност од обликот на табличката - информираат од МВР.

Сопственикот на возилото треба да приложи сообраќајна дозвола и регистарски таблички и важечка лична карта или ако сопственикот е правно лице, тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија. Плаќањето се врши на пост-терминал или на уплатница пп50.

Согласно Законот за возила, доколку возилото е во сообраќај со поинакви регистарски таблички од пропишаните, предвидена е глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот