X
 18.04.2019 Живот

Во Дубаи роботи произведуваат по 33.000 регистарски таблички на ден

Дубаи е првиот град во светот со фабрика во која роботи произведуваат регистарски таблички за возила.

Во фабриката се користат индустриски роботи и вештачка интелигенција за да може автономно, без потреба од човечка интервенција, да се произведат табличките. Капацитетот на новоотворената фабрика засега е 33 илјади регистарски таблички на ден, со тоа што секоја единица може да произведе околу 11.000 регистарски таблички дневно, односно 350 до максимално 700 таблички на час или на секои 15 секунди по една табличка.

Секоја единица е во состојба автоматски истовремено да изработува 6 различни вида регистрации. Нарачките за изработка се примаат преку електронски систем, а изработката на секоја регистрација од почетокот до крајот на процесот може да се следи со единствен QR код.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот