X
 03.03.2019 Живот

Рајан Рејнолдс стана еден од најдобрите „продавачи“ на маркетинг-содржини

Маркетингот на содржините не е лесна работа. Тешко е да се создаде иновативна содржина што ја привлекува публиката. Тешко е да се создаде содржина што ефективно ќе раскажува приказна за еден бренд. Тешко е да се создаде содржина што ќе ѝ помогне на публиката да се поврзе со производи или услуги.

Но, не и за Рајан Рејнолдс.

rajan
Фото: Getty Images


Рајан помина многу години обидувајќи се собере финансии за поддршка на „Дедпул“, филм кој на крајот беше произведен за 58 милиони долари, што е малку во споредба со буџетот за продукција на друг суперхеројски филм. Буџетот за маркетинг на „Дедпул“ исто така беше релативно мал, така што Рејнолдс се фокусира на создавање содржина за публиката која не само што ќе ја консумира, туку и ќе ја споделува. Интерни шеги, интересен хумор, паметни трејлери - маркетингот за „Дедпул“ користеше креативност во замена за енормното трошење.

И функционираше: на крајот „Дедпул“ заработи над 750 милиони долари, со што стана најпрофитабилниот филм со R-рејтинг во историјата. Ако се додадат приходите од „Дедпул 2“, тогаш франшизата заработила над 1,5 милијарда долари.

Сега Рејнолдс го користи својот хумор за да ја промовира „Авијејшн Џин“, компанија што ја купи минатата година.


Забележете дека нема повици за акција. Нема промотивни понуди. Нема директен говор. „Само“ симпатична, добро раскажана приказна.

Рекламирањето значи создавање содржини што сакате луѓето да ги видат. Маркетингот на содржините влече: креирање содржини што публиката сака да ги види и публиката сама ќе ги побара.

Со самото тоа што сакате да видите дали Рејнолдс создал други видеа, вие ја осознавате суштината на маркетингот на содржини - барање, допаѓање и споделување.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот