Рекордни 4,5 милијарди јени (околу 26,7 милиони евра) ѝ биле предадени на полицијата во Токио во текот на 2025 година како изгубени пари.
Според статистиката на полицијата, ова претставува зголемување од 0,5 отсто во споредба со претходната година, потврдувајќи претходни истражувања кои ја рангираат Јапонија меѓу земјите со највисоко ниво на граѓанска одговорност.
Најголемиот износ предаден на полицијата изнесувал 27 милиони јени (околу 160.000 евра), соопшти Центарот за изгубен и пронајден имот на полицијата во Токио.
Над 70 отсто од случаите се случиле во јавни простории, вклучувајќи ситуации кога купувачи заборавале да подигнат кусур во супермаркетите.
Околу 3,23 милијарди јени (околу 19,16 милиони евра) им биле вратени на сопствениците, а околу 680 милиони јени (околу 4,04 милиони евра) станале приход на градската влада на Токио.
Изгубени предмети
Вредноста на предадените предмети достигнала рекордни 4,5 милиони јени (околу 26.700 евра), што е зголемување од 3 отсто во споредба со претходната година.
Најголем дел од предметите биле возачки дозволи и други документи за идентификација, околу 820.000 на број. Покрај тоа, продолжил да расте бројот на вратени мали електронски уреди, вклучувајќи безжични слушалки, соопштуваат од полицијата.
Извор:
Telegraf.rs
Фото: Freepik